Запалил сува трева во двор во Батинци, па настанал пожар кој за малку ќе изгорел кафеана


Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(40) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 11:00 часот пред неговиот угостителски објект во близина на село Батинци, скопско, бил предизвикан пожар.

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавата, сторителот влегол во дворно место на куќа што граничи со угостителскиот објект и запалил косена сува трева, по што настанал пожар, кој се проширил по целиот двор и стигнал до оградата со локалот.

Пожарот бил изгаснат, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.