Сообраќајка кај селото Черкези: Загина 13-годишно дете на електричен тротинет


Малолетник на возраст од 13 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Черкези.

Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишник од селото Черкези.

По судирот, малолетникот итно бил пренесен во Општата болница Куманово, каде што лекарите констатирале смрт.

Десет минути подоцна, односно во 21:20 часот, возачот на автомобилот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Куманово.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.