Малолетник натепан во автобус од двајца врсници во Чаир
33-годишна скопјанка синоќа пријавила дека на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат во автобус од двајца врсници.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:15 часот во СВР Скопје Е.С.(33) од Скопје пријавила дека околу 21:50 часот на подрачјето на Чаир во автобус нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.