Упасен возачот учесник во несреќата во Скопје во која загина мотоциклист
Полицијата соопшти дека го уапсила возачот на автомобилот кој му го препречи патот на мотор на „Пластичарската“ улица во Скопје. Во тешкиот судир загина 19-годишниот мотоциклист.
Според МВР, несреќата, која се случила на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, е пријавена вчера нешто пред 22,30 часот.
„Во судирот учествувале патничко возило ‘ауди а4’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. на возраст од 31 година од село Визбегово, и два моторцикли. Едниот моторцикл бил ‘БМВ’, управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје, а вториот бил ‘хонда адв’, управуван од Н.Б. на возраст од 21 година, исто така од Скопје. Во судирот, со тешки телесни повреди се здобил 19-годишниот возач на моторциклот ‘БМВ’. Тој итно бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде и им подлегнал на повредите. На местото на несреќата бил извршен детален увид од јавен обвинител и екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.