ЗОО Скопје и Битола ќе се модернизираат по европски стандарди


По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното …

ЗОО Скопје и Битола ќе се модернизираат по европски стандарди Read More »

Со модернизација на студиски програми и соработка со бизнисот ќе се задржуваат младите дома


Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето 77 години постоење на Универзитетот …

Со модернизација на студиски програми и соработка со бизнисот ќе се задржуваат младите дома Read More »

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје в понеделник нема да работат


По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник), посочуваат од Ј авното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат …

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје в понеделник нема да работат Read More »

Во табла јајца спакувала дрога и му ја однесла на сопругот во затворот Идризово


Покрената истрага за млада жена која се обидела да внесе дрога во затворот Идризово.  – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се …

Во табла јајца спакувала дрога и му ја однесла на сопругот во затворот Идризово Read More »

Коалицијата „Менуваме“: Најдено решение за проблемот по незаконското намалување поддршка за лични асистенти


По вчерашниот состанок на претставници на коалицијата „Менуваме“ со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната прес- конференција изразуваме задоволство затоа што беше најдено решение, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, за нашиот проблем по незаконското намалување на поддршката за лични асистенти – изјави Суарет Алишан, координатор на коалицијата. На состанокот биле …

Коалицијата „Менуваме“: Најдено решение за проблемот по незаконското намалување поддршка за лични асистенти Read More »

Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата каде се споменува Македонија


 Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот. Паркот е лоциран пред соборниот храм Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои …

Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата каде се споменува Македонија Read More »

Провинцијата Алберта во октомври на референдум за отцепување од Канада


Канадската провинција Алберта ќе одржи референдум за тоа дали треба да остане во Канада или да продолжи кон второ обврзувачко гласање за отцепување, што претставува прв значаен тест за единството на земјата по неколку децении, објави Би-би-си. Најавата што вчера ја соопшти премиерката на Алберта, Даниел Смит, доаѓа откако граѓанска петиција со барање за отцепување …

Провинцијата Алберта во октомври на референдум за отцепување од Канада Read More »

Експлозија во фабриката на MOL во Унгарија. Едно лице загина, неколку се повредени


Експлозија во петрохемиската фабрика на унгарската нафтена и гасна група MOL во источниот унгарски град Тишаујварош одзеде еден живот и сериозно повреди неколку лица, соопшти компанијата во петок. Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави на Фејсбук дека неговиот министер за економија Иштван Капитани и извршниот директор на MOL, Жолт Хернади, се на пат кон фабриката. Маѓар, …

Експлозија во фабриката на MOL во Унгарија. Едно лице загина, неколку се повредени Read More »

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук


Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените …

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук Read More »

Од MOS натпревар до светски успеси: Македонски учесници денес градат кариера во Google и IT индустријата


Дигиталните вештини денес не се само предност, тие се неопходност. Токму затоа Microsoft Office Specialist (MOS) натпреварот, организиран од Семос Едукација и Certiadria, претставува уникатна можност младите да ги тестираат своите знаења, да стекнат меѓународно признат сертификат и да ја претставуваат Македонија на светската сцена. Но, за многумина, MOS е многу повеќе од натпревар. Тоа …

Од MOS натпревар до светски успеси: Македонски учесници денес градат кариера во Google и IT индустријата Read More »

Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин кај Бит-пазар


Екипи на Град Скопје не успеаја во својата намера даго затворат неофицијалниот пешачки премин во близина на Бит-пазар, со поставување метална ограда, затоа што интервенцијата беше прекината поради силен отпор од група граѓани кои излегоа на терен и со жив ѕид го блокираа пристапот на службите. Според очевидци, на локацијата се собраа претежно жители од …

Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин кај Бит-пазар Read More »

Демонстранти во Конго запалија центар за ебола по спор со властите за тело на починат


Демонстранти во источниот дел на Демократска Република Конго запалија два болнички шатори за лекување ебола по спор со властите околу предавањето на телото на млад човек кој починал од оваа болест, соопштија локалните власти. Локалниот политичар Лук Мамбеле, потпретседател на конгоанската партија А2РЦ, изјави дека роднините на починатиот се обиделе со сила да го земат …

Демонстранти во Конго запалија центар за ебола по спор со властите за тело на починат Read More »

Руте ја поздрави одлуката на Трамп за испраќање војници во Полска


Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека ја поздравува најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање 5.000 војници во Полска, но додаде дека стратешкиот тренд и понатаму е насочен кон посилна Европа која помалку ќе зависи од САД за својата одбрана. Пред почетокот на состанокот на НАТО во шведскиот град Хелсингборг, Руте …

Руте ја поздрави одлуката на Трамп за испраќање војници во Полска Read More »

Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа на обиколницата во Скопје


  Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – …

Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа на обиколницата во Скопје Read More »

Се затвора нелегалниот премин кај Бит пазар – граѓаните негодуваат


Неколку месеци по најавите од страна на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска екипи на Градот започнаа со поставување ограда и затворање на дивиот пешачки премин во близина на Бит-пазар, но беа спречени од група демонстранти кои со „жив штит“ не дозволуваа затворање на овој нелегален и неозначен премин. Претходно, градоначалникот изјави дека жители на …

Се затвора нелегалниот премин кај Бит пазар – граѓаните негодуваат Read More »

Над 1.800 вработени во јавното здравство ги тужат установите во кои работат


Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – околу 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата, беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено …

Над 1.800 вработени во јавното здравство ги тужат установите во кои работат Read More »

Зонското ќе стигне и до Ново Лисиче, општината подигнала само 15 хаварисани возила


Хаварисаните возила кои со години стојат на паркинзите низ Општина Аеродром се проблем затоа што зафаќаат паркинг-места, но сега го отежнуваат и обележувањето на местата, што општината се подготвува да го направи во Ново Лисиче, откако реши зонското паркирање во Реонски центар и во Ново Лисиче да почне едновремено.    Вчера, на влезните врати во …

Зонското ќе стигне и до Ново Лисиче, општината подигнала само 15 хаварисани возила Read More »

Штипскиот градоначалник Јорданов направи смена на директорите на детските градинки


Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше за смената на директорите на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Ивана Ангеличкова заминува на директорската позиција на градинката на „Астибо“, а на нејзиното место за вршител на должност директор на „Вера Циривири-Трена“ е назначена Ана Јакимова.  Јорданов посочи …

Штипскиот градоначалник Јорданов направи смена на директорите на детските градинки Read More »

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за актуелниот градоначалник на Врапчиште


Управа за финансиска полиција поднела кривична пријава против актуелен градоначалник поради сомнежи за злоупотреба на службената положба при реализација на јавна набавка вредна милиони денари. Според информациите, кривичната пријава е доставена до Основно јавно обвинителство Гостивар против И.Ш., во својство на градоначалник на Општина Врапчиште. Тој се сомничи за кривично дело „Злоупотреба на службената положба …

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за актуелниот градоначалник на Врапчиште Read More »

Уапсена сопственичката на кривопаланечките крави


Полицијата ја уапси младата сопственичка на кравите од кривопаланечко – случај кој подолго време е присутен во јавноста.  Ј.Ѓ. е уапсена затоа што спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. – На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи …

Уапсена сопственичката на кривопаланечките крави Read More »