Владата ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ за периодот 2026 – 2030


Владата на последната седница ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата за периодот 2026 – 2030 година. Како што соопшти Министерството за финансии, стратегијата е подготвена во согласностст со преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамките на […]

Скандалозна изјава на српска министерка: „Да бев на местото на Милошевиќ етнички ќе го исчистев Косово“


  Министерката за државна управа и локална самоуправа на Србија и потпретседателка на СПС, Снежана Пауновиќ, која е родена во Пеќ, во интервју кое беше емитувано на ТВ Курир во неделата изјави дека во 1998 година, доколку таа била на местото на тогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, етнички ќе го исчистела Косово. „А […]

Агенцијата на ЕУ советува да се избегнува воздушниот простор над четири земји од Персискиот Залив


Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA) им советуваше на авиокомпаниите да избегнуваат летови низ воздушниот простор на Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и над Оманскиот Залив, поради најновите тензии меѓу Иран и САД. Во писмото до авиокомпаниите се вели дека најновото предупредување важи до 29 јули, објави Ројтерс. Агенцијата […]

Среде лето побелеа улиците во Германија: Погледнете ги нереалните сцени


Силната бура што го погоди германскиот округ Лудвигслуст-Пархим во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија во понеделникот вечерта остави зад себе сцена што обично се гледа среде зима. Силниот град на неколку места ги побеле улиците целосно, па властите дури мораа да ангажираат снегочилачи за да ги исчистат патиштата. Најтешко погодени беа Витенбург, Хагенов и Зарентин, каде […]

Украина и Молдавија ги отворија преговорите со ЕУ за надворешна и безбедносна политика


  Украина и Молдавија ги отворија пристапните преговори за надворешна, безбедносна и одбранбена политика како дел од најголемиот еднодневен поттик на ЕУ за проширување од 2004 година. Марта Кос, комесарката за проширување, го нарече потегот „Супер вторник“ за проширување, при што четири земји се состанаа во Брисел за да ги унапредат своите соодветни преговори за […]

„Добар ден за судството – го ослободи Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ


  „Нема правда“. Вака опозицискиот СДСМ ги оцени пресудите во случајот „Талир 2“ , според кои Никола Груевски е осободен и е одмрзнато седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО.  По 8 […]

Кој се плаши од Христијан Мицкоски? Никој, вели Венко Филипче


  Навредите што вчера премиерот Христијан Мицкоски ги кажа во Собранието кон опозициските пратеници се доказ за неговата слабост и неспособност. И никој не се плаши од него. Вака денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го оцени вчераниот хаотичен ден во Собранието кога се расправаше за реконструкцијата на владата. Откако пратеникот Фатмир Битиќи (СДСМ) ја […]

Мик Џегер вели дека Битлси „беа најплодните текстописци на тоа време“


Мик Џегер ја пофали улогата на Битлси во историјата на Ролингстоунс и музичката историја како целина во интервју што се емитуваше на каналот Classic Vinyl на SiriusXM во четврток. Тој, исто така, дискутираше за тоа како Пол Мекартни им се придружил на Стоунс за да снимат две песни, „Bite Your Head Off“ од Хакни Дајмондс […]

Никола Петровски со колекција инспирирана од водата на „Модни мостови на Балканот“ во Подгорица


На 27.06.2026 во Подгорица, на платото пред замокот Петровиќ, се одржа регионалниот моден настан „Модни мостови на Балканот“. Станува збор за настан што собра истакнати дизајнери од шест земји од регионот. Публиката имаше можност да види шест модни ревии од реномираните дизајнери: Никола Петровски (Македонија), Каја Хроват (Словенија), ХААД (БиХ), Ивица Скоко (Хрватска), Драгана Огњеновиќ […]

Зеленски го избра шефот на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, за нов украински премиер


Киев – Главниот извршен директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, треба да стане нов украински премиер, потврдија за „Киев Индепендент“ два извори, висок украински функционер и лице запознаено со ситуацијата. Очекуваното назначување следува откако премиерката Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека се повлекува од функцијата по најавата на претседателот Володимир Зеленски за реконструкција на владата. […]

Ќе се направи психијатриско вештачење на синот кој со 30 убоди го уби својот татко


Против триесетгодишникот кој со 30 убоди го усмрти сопствениот татко е отворена истрага за кривично дело убиство – информираат од ОЈО. „Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и […]

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска


Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди […]

Том Круз не личи на себе во новиот филм „Дигер“


Лос Анџелес – Објавен е првиот целосен трејлер за долгоочекуваната драма-комедија „Дигер“ (Digger) од мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту, каде што Том Круз ја глуми насловната улога. Филмот ќе се прикажува ширум светот од почетокот на октомври, а Круз го игра Дигер Роквел – „најмоќниот човек на светот“, кој се впушта во мисија да ја […]

ФИФА го претстави редизајнот на топката Трионда за завршницата на СП 2026


ФИФА претстави специјално издание на топката Трионда, која ќе се користи во финалето на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката остануваат исти, новата шема на црно-златни бои веднаш го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на француската репрезентација. Пред да им се придружи на своите соиграчи, Мбапе зеде една од […]

Туск: Малку е веројатно дека мирот во Украина наскоро ќе биде постигнат


Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека малку е веројатно дека мирот во Украина наскоро ќе биде постигнат и додаде дека очекува Русија да ја продолжи војната барем до почетокот на зимата. Туск во Париз изјави дека за ситуацијата во Украина разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во […]

Шест странски компании заинтересирани да го постават интелигентниот транспортен систем по македонските патишта


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата.  – Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската […]

Транспортната инспекција нема повеќе изговори: ЕУ донира возила за покривање на целата територија


Транспортната инспекција конечно ќе може да ја покрие целата територија на државата, по донацијата на 18 возила од ЕУ, во вредност од 700.000 евра. Повеќе нема изговори доколку на нашите патишта се сретнат претоварени товарни возила, неисправни автобуси или превоз на опасни материи.   Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно […]

Децата на Бред Пит го бришат неговото презиме преку весници


Двете деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара (21) и Медокс (24), објавија огласи во весници како дел од правен процес за отстранување на презимето на нивниот татко од Пит. Судските документи потврдуваат дека тие исполниле уште еден законски услов пред рочиштето за одлучување по нивните барања за промена на името. Поставиле огласи во […]

Разликата меѓу Тиса и Фидес се зголемува, Орбан дели лекции од Америка


  Разликата во поддршката за партијата Тиса и Фидес во Унгарија се зголеми уште повеќе, при што 67 проценти од вкупното население велат дека „работите одат во вистинската насока“ во земјата, според анкетата спроведена во јуни од „Медијан“ за магазинот ХВГ. Според анкетата, Тиса има поддршка од 60 проценти кај вкупното население, а Фидес само […]

Бесплатно одложете го кабастиот отпад на пунктот во Карпош


Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. „Илинден“ (зад бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). – Во таа насока, ги информираме граѓаните дека […]