(Видео) Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди областа на Неапол. Луѓето излегоа  на улиците


Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди областа Кампи Флегреи во близина на Неапол во петокот вечерта. Потресите предизвикаа прекини во електричната енергија, ги нарушија железничките и метро услугите и оштетија некои згради, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс. Земјотресот се случил во 19:46 часот по локално време. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија […]

Владата донесе одлука за кризна состојба во државата поради зголемени ризици од пожари


Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре.   Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и […]

Италија го суспендираше Шенген со Шпанија поради мигрантите во Сеута


  Италијанските власти го суспендираа Шенгенскиот договор со Шпанија и наредија затворање на морските и воздушните граници меѓу двете земји по масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута, објави „Ла Стампа“. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози, исто така, имаше телефонски разговор со својот француски колега, Лоран Нуњез, по што Париз одлучи да […]

Најбрзорастечките економии во Европа во вториот квартал од 2026 година: Кој водеше, а кој заостануваше?


БДП на еврозоната оствари подобри од очекуваните перформанси во вториот квартал од 2026 година. Но, под насловот, приказната за растот на Европа изгледа сè понерамномерна меѓу земјите-членки. Се очекуваше економијата на еврозоната да го изгуби моментумот во вториот квартал од 2026 година, пишува Еуроњус. Наместо тоа, изненади нагоре. Прелиминарната проценка на Евростат покажа дека БДП […]

Евростат: Повеќе од четвртина од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат една недела одмор


Повеќе од четвртина, односно 27,5 отсто од населението на Европската Унија постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат. Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 […]

Суд во Москва наложи апсење на ќерката на убиениот критичар на Путин, Борис Немцов


Суд во Москва денеска соопшти дека издал налог за апсење на ќерката на убиениот руски опозиционер Борис Немцов, која не живее во Русија, поради улогата што ја има во „непожелна организација“. Жана Немцова, која ја напушти Русија во 2015 година по убиството на нејзиниот татко, е коосновачка на Фондацијата за слобода „Борис Немцов“, чие седиште […]

„Мајкрософт“ за еден ден ја зголеми пазарна вредност за 483 милијарди долари


Акциите на „Мајкрософт“ го забележаа најголемиот еднодневен раст од 2008 година, откако деловните резултати на компанијата и силната експанзија на облачниот сегмент ги надминаа очекувањата на инвеститорите. Пазарната вредност на американскиот технолошки гигант се зголеми за дури 483 милијарди долари за само еден ден, што претставува еден од најголемите дневни скокови во историјата на берзата. […]

Неочекувана средба на Мицкоски со српскиот премиер Ѓуро Мацут во Охрид


  Два дена откако очекувано го преживеа гласањето за недоверба во српското собрание, српскиот премиер Ѓуро Мацут без најава допатува во Охрид на разговори со македонскио колега Христијан Мицкоски. За оваа средба немаше најава и за неа информираше Мицкоски на својот Фејсбук профил. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите […]

Икаровиот момент на Џани Инфантино – конечно леташе преблиску до сонцето


Џани Инфантино го доживеа својот Икаров момент. Планот на претседателот на ФИФА за продажба на удели во Светското првенство беше откриен пред само неколку дена, но веќе се чини дека е трајно оштетен. УЕФА, управното тело за европски фудбал, се закани со бојкот на натпреварувањата на ФИФА од страна на нејзините земји-членки, освен ако шемата […]

Во мај Мицкоски ги повика Македонците да летуваат во Македонија, а тој сега ќе оди во Белгија


  Граѓаните би требало да размислат за неговите препораки, а самиот тој нема да ги следи. На 4 мај годинава, откако стана јасно дека поради новите правила за влез во шенгенскиот простор ќе може да има долги чекања на границите, премиерот Христијан Мицкоски ги повика македонските граѓани да летуваат во нашата земја, на планините и […]

Силни ривали за македонските млади одбојкари


 Машката македонска репрезентација до 20 години ќе има силна конкуренција во Зонските квалификации за Европското првенство 2027, кои следниот месец (25 – 29 август) ќе се играат во Софија, Бугарија. По одлуката на Европската конфедерација (ЦЕВ) Русија и Белорусија да се натпреваруваат во рамките од БВА Балканските шампионати (кои истовремено се и Зонски квалификации) нашите […]

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување


 Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие […]

Европа дава пет милијарди евра за седум мегафабрики за вештачка интелигенција, Хрватска е меѓу кандидатите


Европската унија објави тендер за изградба на седум мегафабрики за вештачка интелигенција, во вкупна вредност од 30 милијарди евра, со цел забрзување на развојот на европските модели за вештачка интелигенција и намалување на технолошкиот јаз со САД и Кина. 18 земји-членки, вклучувајќи ја и Хрватска, аплицираа за домаќинство и кофинансирање на седум мегафабрики за вештачка […]

Локализиран пожарот на локалната депонија во Валандово, на терен делуваа и два ер – трактори


Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори. – Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев.  […]

Измерени 43 степени во Турција, а на Јужниот пол, -79,9 степени


Во Европа, највисоката температура денес е измерена во Адијаман и Батман во Турција, 43 степени, по што следуваат Урфа со 42,7 степени, Анталија со 42,3 степени, објави Огимет, веб-страница која собира метеоролошки податоци од целиот свет. Топло е и во Шпанија и Јордан, а на десеттото место е Мостар во Босна и Херцеговина со 41,6 […]

ФИФА за 15 дена ќе донесе важна одлука – Светско првенство со 64 репрезентации


Светската фудбалска федерација ФИФА до 14. август треба да донесе одлука за можно проширување на Светското првенство од 48 на 64 репрезентации. Според Скај спортс, ФИФА започнала консултации за новиот формат на натпреварување и планира зголемениот број репрезентации да биде веќе од СП 2030 година. Оваа идеја е поддржана од КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка) […]

Унгарците повикани да не ги вклучуваат климите и машините за перење, се заканува недостиг на струја


Европската комисија објави дека размислува за свикување итен состанок поради затворањето на унгарската нуклеарна централа Пакш, бидејќи унгарскиот премиер предупреди дека земјата се соочува со енергетска криза. Централата, која обезбедува речиси половина од потребите за електрична енергија на Унгарија, престана да работи поради рекордно ниските нивоа на вода во Дунав, кој се користи за ладење […]

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август


 Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува […]

Италија го суспендира Шенгенскиот режим со Шпанија


Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во шпанската енклава Сеута, соопшти министерството. Иако Италија и Шпанија немаат заедничка копнена граница, двете земји се членки на Шенген зоната, која вообичаено овозможува […]

Полска пресретна руски извидувачки авион над Балтичкото Море


Полските воени воздухопловни сили повторно пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море, соопшти денеска владата во Варшава, објавувајќи дополнителни детали за падот на руска ракета на полска територија ден претходно. Два полски борбени авиони Ф-16 беа кренати како одговор на рускиот извидувачки авион Ил-20 кој беше забележан на 40 километри северно од крајбрежното одморалиште Колобжег, […]