Силни ривали за македонските млади одбојкари


 Машката македонска репрезентација до 20 години ќе има силна конкуренција во Зонските квалификации за Европското првенство 2027, кои следниот месец (25 – 29 август) ќе се играат во Софија, Бугарија.

По одлуката на Европската конфедерација (ЦЕВ) Русија и Белорусија да се натпреваруваат во рамките од БВА Балканските шампионати (кои истовремено се и Зонски квалификации) нашите надежи како противници ќе ги имаат и селекциите на Србија, Турција и Бугарија.

За разлика од девојките кои ќе играат во група, момците ќе играат по системот „секој со секого“.

На првиот натпреварувачки ден, 25 август, Македонија се соочува со домаќинот Бугарија од 17:30 часот. Во второто коло, ден подоцна, од 15 часот, нашата репрезентација за противник ќе ја има Белорусија. Во истиот термин на 27 август, пак, играме со Србија. На 28 август од 20 часот ќе ги измериме силите со Русија, додека во последното коло од 17:30 часот за ривал ја имаме Турција.

Репрезентацијата до 20 години подготовките за Зонските квалификации ги започнува на 5 август во Крушево, а на списокот на селекторот Јован Шапе и неговиот асистент Миодраг Новески се најдоа 18 надежни одбојкари од девет домашни клубови