ФИФА за 15 дена ќе донесе важна одлука – Светско првенство со 64 репрезентации
Светската фудбалска федерација ФИФА до 14. август треба да донесе одлука за можно проширување на Светското првенство од 48 на 64 репрезентации. Според Скај спортс, ФИФА започнала консултации за новиот формат на натпреварување и планира зголемениот број репрезентации да биде веќе од СП 2030 година.
Оваа идеја е поддржана од КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка) која смета дека треба повеќе натпревари да се одиграат во земјите од Јужна Америка, како дел од одбележувањето на 100 години од првото Светско првенство 1930 година во Уругвај.
Организатори на Мундијалот 20230 година се Шпанија, Португалија, Мароко, додека по еден натпревар (воведен) треба да се игра во Уругвај, Аргентина и Парагвај во чест на првиот Мундијал. Следното Светското првенство во 2034 година ќе се одржи повторно во една земја Саудиска Арабија.
По критиките кон ФИФА и пред сè за претседателот Џани Инфантино, проширувањето за следниот Мундијал мора да биде донесено до средината на месец август.