Шкендија го елиминира Браво и се пласира во 3. коло на Конференциската лига
Екипата на Шкендија ќе играат во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада екипата на Браво со 3:1.
До потребната победа со два голови разлика тетовци дојдоа со пресврт. Словенечкио тим прв дојде во водство преку Станковиќ во 17. минута. Во 36. минута Браво си постигна автогол, преку Јован и со 1:1 се отиде на полувреме.
Во 50. минута Криезиу донесе водство за Шкендија, а триумфот го запечати Ѓорѓиевски во 88. минута.