Театарската претстава „Кокошка“ на фестивалот „Скопско лето“


Во Едукативниот културен центар – Лабараториум вечер во рамки на 47-мо издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра театарската претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски […]

Дел од Карпош без вода


Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ бр.21, потегот од Дом на Печат до „Франклин Рузвелт“ и „Васил Ѓорѓов“ во општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.21.

Промоција на поштенска марка по повод 250 години од независноста на САД


АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска организираат промоција на пригодна поштенска марка по повод 250 години од независноста на САД.  На настанот ќе присуствуваат претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави и на АД „Пошта на Северна Македонија“.

Леброн Џејмс заминува од ЛА Лејкерс


Американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс го информираше раководството на Лос Анџелес Лејкерс дека ќе ја продолжи својата НБА кариера во друг тим, изјави вечерва извршниот директор на менаџерската агенција „Клач Спортс“, Рич Пол, за телевизијата ЕСПН. Џејмс ги мина последните осум сезони во дресот на Лејкерс, со кој во 2020 година ја освои шампионската титула […]

Двајца астронаути на НАСА поправија роботска рака на МВС за време на седумчасовна вселенска прошетка


Астронаутите на НАСА, Џесика Меир и Крис Вилијамс, извршија седумчасовна вселенска прошетка за да ја поправат роботската рака на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти синоќа американската вселенска агенција, пренесе ДПА. Астронаутите замениле зглоб од околу 90 килограми на раката за време на активност надвор од леталото, соопшти НАСА. Роботските раце на МВС се користат за […]

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Скопјани послаа светлина на последната патека за Владо Јаневски (фото/видео)


Речиси четири часа обожувателите на песните  на големиот македонски пејач и текстописец Владо Јаневски, ги пееја неговите песни, од „Нусе“, до „Чаирска романтика“, незаборавната „Некогаш и негде“ и „Само дома си е дома“. Не ечеше вечерва пред СЦ „Борис Трајковски“. Песните беа испеани со љубов, сентименталност и носталгија, со почит кон Јаневски, кој нè напушти […]