Леброн Џејмс заминува од ЛА Лејкерс


Американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс го информираше раководството на Лос Анџелес Лејкерс дека ќе ја продолжи својата НБА кариера во друг тим, изјави вечерва извршниот директор на менаџерската агенција „Клач Спортс“, Рич Пол, за телевизијата ЕСПН.

Џејмс ги мина последните осум сезони во дресот на Лејкерс, со кој во 2020 година ја освои шампионската титула во НБА лигата.

Во дел од американските медиуми вчера се појавија извештаи дека Голден Стејт Вориорс е сериозно заинтересиран да се засили со Џејмс.

Џејмс, кој е најдобар стрелец во историјата на НБА лигата и четирикратен МВП, Џејмс ја заврши својата рекордна 23 НБА сезона, а изминатата имаше просек од 20,9 поени, 7,2 асистенции и 6,1 скокови по натпревар.