Британски велосипедист загина на трка во Португалија


Британскиот велосипедист Финли Тарлинг трагично загина на 19-годишна возраст по сериозна несреќа на осмата етапа од Волта а Португалија. Велшанецот возеше за тимот за развој на NSN и беше помлад брат на Џош Тарлинг, возач за професионалниот тим Netcompany Ineos. Тој се натпреваруваше за националниот тим на Велика Британија во друмски и велодромски велосипедизам.

Португалските медиуми објавија дека Тарлинг починал откако бил удрен од автомобил што се движел во спротивна насока и немал никаква врска со организацијата на трката.

Неговиот тим NSN објави официјално соопштение. „Со скршени срца објавуваме дека Финли Тарлинг почина денес на Волта а Португалија. Фин беше многу сакан член на нашиот тим, но најважно од сè, тој беше син, брат и пријател на многумина. Многу ќе ни недостига. Нашето најдлабоко сочувство им упатуваме на родителите на Фин, Мајкл и Дон, на неговиот брат Џош и на сите што имаа среќа да го наречат пријател“, се вели во соопштението.

Организаторите на трката и Португалската велосипедска федерација, исто така, издадоа соопштение. Тие испратија „искрено сочувство до семејството на Финлеј Тарлинг, неговите колеги од тимот за развој на NSN и сите негови пријатели и најблиски“ преку перонот X. Тие потврдија дека трката е откажана и дека планираната церемонија на подиумот нема да се одржи од „почит и жалост“.