Швјонтек најдобра на турнирот во Торонто
Торонто – Полската тенисерка Ига Швјонтек е победничка на Мастерсот 1000 одигран во Торонто. Таа во финалето ја победи Елена Рибакина со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Шесткратната Гренд слем победничка одигра одличен турнир што треба да и донесе самодоверба пред УС опен.
Проблем за Рибакина можеби беше тоа што таа три часа повеќе мина на теренот до финалето во однос на нејзината ривалка.
Со титулата во Канада, осмата светска тенисерка Швјонтек ќе се врати меѓу првите пет на ранг-листата.