Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во Истанбул во февруари 2027 година


Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во Истанбул (Турција) од 2 до 7 февруари 2027 година, објави прес-службата на Кралската шпанска фудбалска федерација.

За трофејот ќе се борат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад. Натпреварите ќе се одржат на Олимпискиот стадион „Ататурк“.

Од 2020 година, Шпанскиот Суперкуп се одржува во Саудиска Арабија.