Двајца астронаути на НАСА поправија роботска рака на МВС за време на седумчасовна вселенска прошетка


Астронаутите на НАСА, Џесика Меир и Крис Вилијамс, извршија седумчасовна вселенска прошетка за да ја поправат роботската рака на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти синоќа американската вселенска агенција, пренесе ДПА.

Астронаутите замениле зглоб од околу 90 килограми на раката за време на активност надвор од леталото, соопшти НАСА.

Роботските раце на МВС се користат за задачи што вклучуваат приклучување на вселенски летала.

Ова беше втора вселенска прошетка за Вилијамс, петта за Меир и 280-та во историјата на операциите на МВС, потсетува ДПА.