Лилјана Ристевска избрана за претседател на македонскиот Црвен крст


На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Лилјана Ристевска е избрана за претседател на организацијата за новиот четиригодишен мандат. Со оваа одлука, таа станува првата жена претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата, информираат оттаму. Изборот на Ристевска, велат, претставува значаен историски момент за најголемата […]

Мобилните телефони преовладуваат кај дигиталните канали за плаќање


Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се […]

Министерството за финансии исполнило осум од вкупно 22 чекори на земјава, дел од Реформската агенда


Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии, како што соопштуваат оттаму, […]

Индустриското производство во мај помало за два отсто во однос на истиот месец лани


Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава  споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување […]

Лукровски оздравел, се враќа на работа


Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски по речиси двомесечно отсуство поради здравствени причини, од вчера повторно се вратил на работа. Во изминатиот период, додека Лукровски беше на боледување, со општината раководеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа и да ги извршува тековните обврски. Неговото враќање става крај […]

Заменикот на Љутков, Седат Сулејмани, ќе го наследи како министер за култура


  Се очекуваа повеќе промени, излегоа помалку. Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков. Нов министер за односи […]

Во Дебар воведена рестрикција во водоснабдувањето


Јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираше дека се воведува неколку часовна рестрикција во водоснабдувањето, бидејќи корисниците не ги почитувале претходните апели за заштеда на вода, односно да не се употребува за наводнување на градини, миење дворови, тротоари, па дури и улици пред домовите.  -Поради недостиг на вода во текот на денот, како последица на  нерационалното користење […]

Турција стана втора европска сила во однос на хидроенергетскиот капацитет


Според податоците на Меѓународното здружение за хидроенергија (IHA), минатата година Турција беше позиционирана како втора европска земја во однос на инсталираните капацитети за производство на електрична енергија од хидроенергија. Норвешка е на првото место. Капацитетите на Турција достигнаа речиси 23.294 мегавати (MW), со што оваа земја ги надмина големите европски економии во овој поглед, вклучувајќи […]

Јахтата на Путин вредна 100 милиони долари забележана за прв пат по три години криење: Сигналот е забележан во близина на Данска


80-метарската суперјахта „Грејсфул“, која е поврзана со рускиот претседател Владимир Путин, пристигна во данските води во понеделник навечер. Бродот го помина Големиот Белт, го заобиколи Анхолт и пловеше околу Скаген попладнето, објави данската телевизија DR. Според DR, јахтата ја следат руски разорувач и уште еден руски брод, кој официјално е класифициран како брод за спасување. […]

Откриен нов вид пајак во Португалија – предизвикува некроза


Нов вид отровен пајак, чилеанскиот пајак пустиник, научно познат како Loxosceles laeta, е откриен во градот Порто во северна Португалија. Ова е првиот регистриран случај на видот на Пиринејскиот Полуостров, но истражувачите велат дека ризикот за јавноста е низок поради неговото повлечено однесување, објавува Euronews. Нема причина за тревога Хозе Мануел Гросо-Силва, ентомолог во Природонаучниот […]

Последната желба на Владо Јаневски


Денес, на Градските гробишта Бутел ќе биде погребан Владо Јаневски, поп-ѕвезда и текстописец. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел, објави […]

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти


Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика.  Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6  проценти) се за домување. Од нив  128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7  проценти),  113 натстрешници (12.4 […]

СДСМ: Реконструкцијата на Владата козметичка промена, нè очекуваат предвремени избори


Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – […]

СП2026: Франција незапирлива. Мексико победи и избори пласман во осминафиналето


Во ноќните часови од вторник кон среда се одиграа два натпревари од 1/16 финалето или првата нокаут рунда на Светското првенство. Франција победи со 3:0 против Шведска, а Мексико со 2:0 против Еквадор. Во осминафиналето Франција ќе игра против Парагвај, а Мексико против победникот од мечот Англија – ДР Конго. Франција – Шведска 3:0 (Мбапе […]

Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. […]

Без струја дел од корисниците во Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска од 8 до 9 часот ќе останат  корисници на ул.„1“ во општина Петровец, а од 9 до 16 часот од ул.„Стив Наумов“ бр.69,65,63а,63б,102а,102б,102в, ул.„Славе Георгиевски-Шнајдерот“ бр.1,3,5 и 7, од ул.„Тетовска“  и од ул.„Јосиф Јосифовски-Свештарот“ бр.35,35а,37,36,34 и 32 во општина Центар.  РЦЕУК – Скопје информира дека прекин во снабдувањето со струја од […]

Летен времен режим на сообраќај за камиони на државните патишта


Од денеска до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот,  сабота […]

Започнува изградбата на базата на НАСА на Месечината, ќе чини 30 милијарди долари


Планот на НАСА од 30 милијарди долари за изградба на база на Месечината влегува во сериозна фаза на имплементација. Вселенската агенција брзо развива начини за испорака на лендери, ровери, возила и друга опрема на површината на Месечината за да се избегнат скапи одложувања. Како дел од тој напор, НАСА објави во вторник дека ќе им […]

Трето издание на „Разговори за еднаквост” со фокус на родово заснованата дискриминација на работното место


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската унија денеска го организираат третото издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на тема „Родово заснована дискриминација на работното место“. На отворањето на настанот ќе се обратат Душан Томшиќ, претседател на КСЗД, претставник од Делегацијата […]

Поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица. Николоски, во рамики на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде ќе присуствуваат и оперативниот директор на на Лидл Северна Македонија Рубријан Хаџиев и градоначалникот на Струмица […]