Последната желба на Владо Јаневски


Денес, на Градските гробишта Бутел ќе биде погребан Владо Јаневски, поп-ѕвезда и текстописец. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел, објави „Авалон“. 

Македонија е во шок по веста за смртта на Јаневски, еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци. Почина завчера, по кратко боледување, на една од скопските клиники, на 65 години. 

Владо Јаневски држи рекорд на Евровизија , никој не знае

Една од неговите последни желби, како што неофицијално дознаваме, е да биде погребан во парчињата облека што ги носеше на настапот на „Макфест“ во Штип, со брош на сакото. Јаневски настапи со „Чаирска романтика“ во 1993 година и го освои второто место, а победи во 1994 година со „Еден бакнеж“, на музика на Григор Копров, на негов текст и аранжман на Живоин Глишиќ , која истата година, го однесе на фестивалот Славјански базар во Белорусија. На „Макфест“ се врати 2023 со „Златни години“. (Л.С.)

 

Скопјани послаа светлина на последната патека за Владо Јаневски (фото/видео)