Заменикот на Љутков, Седат Сулејмани, ќе го наследи како министер за култура


Седат Сулејмани и Агон Ферати

 

Се очекуваа повеќе промени, излегоа помалку.

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков.

Нов министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, а веќе се знаеше дека професорот по уставно право на Штуловиот универзитет, Јетон Шасивари, ќе го наследи Игор Филков во ресорот правда.

Иако постојано се шпекулираше дека ќе биде заменет министерот за спорт, Борко Ристовски, тој останува на неговата позиција, како и министерката за образование, Весна Јаневска.