Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија


Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38,  Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34,  Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 – покажуваат мерењата на […]

Цените на нафтата растат, сообраќајот низ Ормускиот теснец минимален


Цените на нафтата се искачија над 90 долари на меѓународните пазари, бидејќи трговците се фокусираа на континуираниот слаб сообраќај на бродови низ Ормускиот теснец по новиот бран непријателства меѓу САД и Иран. Барел во Лондон се тргуваше попладне за 90,16 долари, што е за 1,13 долари повеќе од вчерашното затворање. Во САД беше за 1,75 […]

Во Албанија работат повеќе од 22 илјади странци


 Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски државјани живеат и работат во Албанија, што е рекордна бројка до сега, бидејќи 2025 година тој број бил 18.000 лица. Бројот на странци со работни дозволи го предводат граѓаните од Филипините, Индија и Египет. Овие земји заедно имаат 10.300  дозволи за работа, што претставува околу 50 отсто од […]

Ниското ниво на Дунав ја загрозува АЕЦ „Пакш“: Унгарија бара од индустријата да го намали трошењето струја


Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ може да престане со производство на електрична енергија во период од неколку недели поради ниското ниво на реката Дунав, која обезбедува вода за ладење на постројките – изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар. На брифинг во рафинеријата на енергетската компанија МОЛ во Сазхаломбата, во близина на Будимпешта, Маѓар изјави дека нивото […]

Стар стан во Охрид продаден за 3.200 евра за квадрат, нов во Центар за 3.360, во вториот квартал продадени недвижности за 351,7 милиони евра


 Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини  за периодот април – јуни годинава.  Од продажбите на стари станови, најголемата постигната […]

Британскиот премиер Бернам го повика Инфантино да поднесе оставка


  Британскиот премиер Енди Бернам изјави во петокот дека Џани Инфантино треба да се повлече од функцијата претседател на ФИФА поради неговите планови за продажба на удел во Светското првенство. Бернам стана првиот лидер на голема нација што побара Инфантино да се повлече по многу критичкиот прием на обидот на шефот на ФИФА да создаде […]

Околу 40.000 мигранти се вратиле денеска во Мароко откако насилно влегоа во енклавата Сеута


  Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека се верува дека околу 40.000 мигранти се вратиле од Сеута во Мароко денес, како дел од шпанските напори за пресврт на миграциските текови преку границата од синоќа. Доколку се потврди, тоа би било речиси половина од сите за кои се верува дека ја преминале границата, со оглед […]

Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени


 Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1. За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен […]

Пена течеше по Лепенец, но резултатите се нормални


Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности.   Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои […]

Сега и тоа се случува: Русија почна увезува бензин од Мароко


  Русија примила поморска пратка од приближно 30.000 тони бензин АИ-92 увезен од Мароко, изјавија за Ројтерс два индустриски извори. Според нив, танкер со панамско знаме го натоварил горивото во мароканското пристаниште Тангер кон средината на јули и моментално го истоварува во арктичкото пристаниште Мурманск. „Лукоил“ бил снабдувач на гориво, изјавиле изворите за Ројтерс. Мароканскиот […]

Дури 30 отсто од вработените во Министерството за односи меѓу заедниците немаат компјутери за да работат


  Без стратегија, основна опрема за работа и речиси никаква кохезија меѓу вработените, функционирало Министерството за односи меѓу заедниците, осд неговото формирање до денес. Новиот вицепремиер Агон Ферати, планира да изгради доверба кон ова министерство, а тоа да почне да работи во насока на подобрување на меѓуетничките односи и односите меѓу различните заедници, од ниво […]

„Тоа нема така да заврши“: Мицкоски ќе бара одговорност за обвинителот за пасошот на Борче Марковски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска обвини дека станува збор за „груба манипулација“ од еден јавен обвинител во Битола за враќањето на пасошот за обвинетиот бизнисмен Борче Марковски. И најави дека ќе има истрага за него, но не кажа од кого. „Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е […]

Хакиран мејлот на главниот државен ревизор, Максим Ацевски


Главниот државен ревизор Максим Ацевски информира дека неговата службена електронска адреса [email protected] била цел на безбедносен инцидент, при што од неа биле испратени неовластени пораки. Во известувањето Ацевски ги повикува сите приматели да ги игнорираат и избришат пораките во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други доверливи информации. „Доколку сте кликнале на линк или […]

Во болницата во Битола ќе се децентрализира и дел од терапијата за мултипла склероза


Доктори од Скопје, еднаш неделно доаѓаат во Клиничката болница во Битола, место онколошките пациенти и децата со атипичен развој да одат до Скопје за терапија или извештај, информираше денеска директорката на болницата Ненси Лозанче, пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски. -Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработката со Универзитетската […]

ОКТА: Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026 година


Компанијата ОКТА ги објави финансиски резултати за вториот квартал и првата половина од 2026 година, кои покажуваат силни перформанси поддржани од зголемена комерцијална активност и подобрувања во синџирот на снабдување. Извештајот, објавен на Македонската берза го објавуваме интегрално:   Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на […]

Се екипира и се модернизира болницата во Битола


Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на […]

Вадефул го поздрави договорот за разоружување на Хамас и понуди поддршка за Појасот Газа


Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го поздрави договорот за етапно разоружување во Појасот Газа, што го објави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека сега е од клучно значење да се постигне реален напредок и палестинската вооружена група Хамас навистина да го предаде своето оружје. „Германија е подготвена да му помогне на населението […]

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ


Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. […]

Мицкоски ги обвини сточарите дека пријавуваат нереално производство за да добијат повеќе субвенции


Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тутун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за […]

Невремето уништи делови од коритото на Серава – активирана гаранцијата


Големото невреме во Скопје, нанело штети на коритото на реката Серава која тече низ Општина Бутел, а кое беше чистено и уредувано во март годинава. Затоа што изведбата имала гаранција од 10 години, а невремето во Скопје, успеа да го оштети по само неколку месеци, Општина Бутел ја активираше гаранцијата за санирање на штетите на […]