Вадефул го поздрави договорот за разоружување на Хамас и понуди поддршка за Појасот Газа
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го поздрави договорот за етапно разоружување во Појасот Газа, што го објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој нагласи дека сега е од клучно значење да се постигне реален напредок и палестинската вооружена група Хамас навистина да го предаде своето оружје.
„Германија е подготвена да му помогне на населението во Газа со хуманитарна помош и мерки за брза обнова. Затоа, без одложување мора да се отворат дополнителни гранични премини кон Газа“, напиша Вадефул на Х.
Тој додаде дека Германија ќе направи сè што е во нејзина моќ за да помогне во спроведувањето на договорот.