Агенцијата на ЕУ советува да се избегнува воздушниот простор над четири земји од Персискиот Залив


Фото: Б. Грданоски

Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA) им советуваше на авиокомпаниите да избегнуваат летови низ воздушниот простор на Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и над Оманскиот Залив, поради најновите тензии меѓу Иран и САД.

Во писмото до авиокомпаниите се вели дека најновото предупредување важи до 29 јули, објави Ројтерс.

Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA) во понеделник им советуваше на авиокомпаниите да избегнуваат летови низ воздушниот простор на Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и над Оманскиот Залив, поради најновите тензии меѓу Иран и САД.

Во писмото до авиокомпаниите се вели дека најновото предупредување важи до 29 јули, објави Ројтерс.

Централната команда на САД (CENTCOM) претходно денес соопшти дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

Петчасовната операција, која започна во недела, ги таргетираше воените цели на повеќе локации во Иран за дополнително да ја ослаби способноста на Иран да напаѓа комерцијален превоз, објави новинската агенција IX.

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека извршила ракетни и беспилотни напади врз американските воени објекти во Бахреин како дел од операцијата Наср 2, објави иранската државна новинска агенција Тасним.

Според ИРГК, во првиот дел од операцијата биле погодени складишта со оружје, центар за сателитски комуникации и сместувачки капацитети за американските сили во базата Џуфер, додека во следната фаза биле цел на напади објектите на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.