„Микрософт“ го поправа Windows 11: Доаѓа промената што сите ја чекавме


  Чекор по чекор, Microsoft ги корегира грешките во својот оперативен систем и полека го „поправа“ Windows 11.   Американскиот технолошки гигант објави голем број нови измени во полето за пребарување на Windows во Windows 11. Иако секоја од овие промени е мала поединечно, Microsoft се надева дека кога ќе се комбинираат, тие ќе им […]

Норвешката принцеза Мете-Марит пуштена од болница по трансплатацијата на белите дробови


Норвешката престолонаследничка Мете-Марит е отпуштена од болница околу четири недели по трансплантацијата на белите дробови, соопшти кралската палата. 52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за потенцијални компликации, како што се […]

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни


 Евидентирани се вкупно девет пожари на отворен простор во текот на денов до 18 часот. Од нив, два сѐ уште се активни, еден пожар е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Едниот сѐ уште активен е шумски пожар на подрачјето на село Бајково, општина Струмица. Другиот пожар е на […]

Е. Џин Керол (82) доби 5 милиони долари отштета од Трамп за сексуална злоупотреба и клевета


Три години откако поротата заклучи дека претседателот Трамп треба да ѝ плати 5 милиони долари отштета на писателката Е. Џин Керол за сексуална злоупотреба и клевета, таа конечно е исплатена. За Керол, тоа е чекање кое започна долго пред нејзината федерална граѓанска тужба да стигне на суд во 2023 година. Писателката првпат јавно ја објави […]

Американец ќе го суди полуфиналето Англија – Аргентина


Атланта – Светската фудбалска федерација (ФИФА) за главен судија на второто полуфинале го одреди „домашниот судија“ Американецот Исмаил Елфат. Со ова делегирање тој стана втор судија од КОНКАКАФ асоцијацијата што ја доби довербата да суди полуфинале, откако денешното во Далас меѓу Шпанија и Франција му е доделено на Иван Бартон од Ел Салвадор. Инаку, американскиот […]

Сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава


На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината. Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се […]

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора


 Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС […]

Комисијата на финансирање и буџет расправаше за завршната сметка на Буџетот за 2025 година


Комисијата на финансирање и буџет на денешната седница му предложи на Собранието да ја разгледа завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски појасни дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година остварил реален раст од 3,5% и е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. […]

ЈП Морган со рекордна квартална добивка: Инвестициското банкарство на највисоко ниво од 2021 година


Американската банкарска групација ЈП Морган Чејс оствари рекордна добивка од 21,2 милијарди долари, или 7,70 долари по акција, во вториот квартал. Резултатот главно беше придонесен од закрепнувањето на инвестициското банкарство, силниот раст во тргувањето со акции и еднократната капитална добивка од инвестирањето во Виза. Приходите се зголемија во сите клучни деловни сегменти. Приходите од инвестициско […]

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавуваат големата летна концертна сезона 2026


НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум концерти на регионални и домашни музички ѕвезди во текот на летото, меѓу кои настапите на: Дупер, Слаткаристика & Friends, Два Бона, Rita Ora, Senidah, Петар […]

Инфлацијата во САД бележи најголем месечен пад од април 2020 година


Растот на потрошувачките цени забави повеќе од очекуваното во јуни – иако од веќе високо ниво – бидејќи возачите најдоа одредено олеснување на бензинските пумпи. Индексот на потрошувачките цени, објавен во вторник, покажа дека инфлацијата паднала за 0,4% на месечно ниво во јуни, што е најголемиот месечен пад од април 2020 година. Годишната инфлација, исто […]

Повеќемина загинати во пожар на градилиште во Брисел


Неколку луѓе загинаа во пожар што изби на градилиште во главниот град на Белгија, Брисел. Локалните власти не наведоа точна бројка на жртвите, но соопштија дека се трага за шест исчезнати лица. Кога избувнал пожарот на градилиштето имало околу 200 работници.

Погледнете внатре во новиот мултимилионски стан во Њујорк на Џастин и Хејли Бибер


Њујорк – Џастин и Хејли Бибер со години го насочуваа погледот кон Вест Вилиџ – барајќи станови за изнајмување таму уште од 2019 година – но сега официјално го купија. Поп-ѕвездата и двојката штотуку купи стан со четири спални соби на адресата Лерој број 160, кривулеста кула со 15 ката дизајнирана од фирмата добитничка на […]

Сè повеќе млади Германци одбиваат воена служба


Бројот на барања за приговор на совеста во Германија нагло се зголеми оваа година и веќе во првата половина од 2026 година го надмина вкупниот број на барања поднесени во текот на целата минатата година. Главните наведени причини се влошувањето на безбедносната состојба во Европа и стапувањето во сила на новиот закон за воена служба, […]

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море


  Украинската морнарица на 14 јули соопшти дека погодила и потопила руски граничен патролен брод покрај брегот во близина на градот Новоросијск во рускиот Краснодарски крај, на околу 300 километри од линијата на фронтот. Бродот „Изумруд“ бил погоден од морски дрон „Сарган-3000“, а во нападот загинале и се ранети членови на неговиот екипаж, соопшти украинската […]

Умре срната Бамби што беше осакатена со стапица


Малата срна Бамби чии нозе настрадаа од стапица поставена илегално околу Битола, ја изгуби борбата. Проектот за спасување на животни ја објави веста, најавувајќи борба со оваа илегалчна практика во македонија каде заради личен профит се убиваат и заштитени животни.    „Пишуваме… бришеме… и така безброј пати…Не постојат зборови што можат да ја опишат оваа […]

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје


ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 […]

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули


Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон. Од Министерството за европски прашања соопштија дека присуството на министерот Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Македонија и […]

Ослободителна пресуда за Никола Груевски за случајот „Талир 2“


  Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.  Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а […]

Костадиновски: Обвинителите да се платат, но и да испорачаат


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности.  – Ако ги гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, […]