Сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава
Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена.
„Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања, сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава. Тоа значи подобри услови за учење, поквалитетна организација на наставата и повеќе квалитетно време за учениците и нивните семејства“, изјави Герасимовски.