Ќе замириса ли Скопје на шампон до крајот на септември?


Фото: Б. Грданоски

До крајот на септември може да очекуваме подобрување на состојбата со комуналниот отпад во Скопје, за кога е најавена набавка на 3.000 контејнери, како и камиони за собирање отпад.

СПоред најавите на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, контејнерите треба да пристигнат на почетокот на септември, а потоа и камионите кои ќе го одвезуваат сметот, па до крајот на септември, состојбата треба да се подобри.

Сепак, тој смета дека доколку не се воведат повисоки казни, властите нема да можат многу да влијаат во подобрување на сликата со отпадот во главниот град.

– Завршена постапката за набавка на камиони за собирање отпад од страна на Министерството за транспорт преку Светската банка и за скоро се очекува да пристигнат – рече Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, посветена на квалитетот на водата во Скопје.

Ѓорѓиевски вели дека кафулињата и другите угостителски објекти веќе почнале да потпишуваат фоговори со „Комунална хигиена“ за одговорно одлагање на отпадот, а ним може да им се дадат и дополнителни контејнери кои би ги постеавиле близу своите објекти, со што нема да се полнат заедничките контејнери за зградите и за куќите низ Скопје. Сепак, досега никој не излезе со бројка колку од нив навистина потпишале договор и се држат до тоа.

Состојбата со отпадот во Скопје е подобра од онаа пред локалните избори лани, кога контејнерите прелеваа од ѓубре, а околу нив имаше ридови од смет и ѓубре. Остана мислењето дека тоа беше оркестрирана диверзија од партиите, пред избори, да се предизвика неред во главниот град, а службите да не можат да постигнат. Дали владејачките или опозициските партии, или сите заедно, го произведоа проблемот, остана нејасно. Се воведе и одобрено време за одлагање на домашниот отпад, па така по 23 часот, до наутро во 6 часот тоа е забрането. ПОвеќе граѓани беа казнети со 50 евра, за непочитување на оваа забрана.

Сепак,не се надмина навиката да се оставаат вреќи полни градежен шут по реновирање, а особено „омилен спорт“ на скопјани како да е расфрлањето домашна санитарија и галантерија, па чести се сликите кога околу контејнерите се насобрани тоалетни школки, лавабоа, фотелји, кревети, прозорци и друго.

Речиси секоја скопска општина едбаш до два пати годишно има определени датуми на својата теритоја, кога граѓаните може во посебни контејнери да фрлаат кабаст отпад, но често тие термини се промашуваат.

Сега, Ѓорѓиевски предлага, во договор со другите градонаачници, покрај собирниот центар во Карпош, да се определи простор за собирање кабаст отпад во Гази Баба, а во Кисела Вода, рече дека веќе е обезбеден простор.

– Луѓето велат дека повеќе им се исплаќа да платат казна доколку не фатите како одлагаме шут, откаколку да платиме за да го однесат на „Дрисла“, а тоа не е така – вели Ѓорѓиевски.

Сепак, казните од 40 евра за несовесно одлагање отпад, според Ѓорѓиевски се премали.