Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат


Законските измени од денес стапуваат на сила со новите, построги правила за управување со електрични тротинети. Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата., електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и […]

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ


Демократската унија за интеграција најостро го осудува продолжувањето на, како што оценуваат, политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција. „Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот конкурс. […]

Ерлинг Халанд се врати дома од Америка со специјална придружба – ракун


  Норвешката репрезентација, која загуби во четвртфиналето на Светското првенство, пристигна дома во понеделник со раскошен пречек, но Ерлинг Халанд повторно привлече најголемо внимание откако излезе од авионот што го носеше тимот на аеродромот во Осло со плишан ракун во рацете. 25-годишниот норвешки напаѓач природно објави за специјалниот придружник на Инстаграм, пишувајќи: „Ме следеше цел […]

Левица: Пуштањето на наркодилерот Цуната кажува дека „Пулс“ бил под институционална заштита


Левица преку соопштение обвини дека бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, претставува уште еден доказ за нефункционалноста на институциите и побара политичка одговорност. Од партијата посочуваат дека станува збор за лице кое, според сведочења во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, било посочено како добро […]

Силни бои и волуминозна силуета: Гордана Силјановска-Давкова на „Охридско лето“ привлекува внимание


Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, како покровител на „Охридско лето“ не привлекува внимание на меѓународниот културен фестивал само со романтичарското обраќање, туку и со модниот избор. Нејзиниот стајлинг се издвојува по впечатлива палета на силни бои и волуминозна силуета, создавајќи изглед што лесно го привлекува погледот. Каква порака испраќа со впечатливиот избор на тоалета, годинава во џиш […]

Што му кажа Марадона на Кејн во 2017 година? (видео)


Хари Кејн ќе се обиде да ја одведе Англија до финалето на Светското првенство против Аргентина, а во обидот да ги нокаутира бранителите на титулата, може да му користи совет од нивната најголема легенда. Имено, Диего Марадона му понудил на капитенот на Англија неколку совети за шутирање пред девет години за да му помогне да […]

СДСМ одбива да се усогласува со Левица


  Левица ја турка агендата на премиерот Христијан Мицкоски, а сака да создаде привид дека се бори за опозициско единство, соопшти денеска СДСМ. Партијата неа зошто да се усогласува со Левица затоа што има своја изградена позиција. „Ние нема да прифатиме предлози кои отвораат простор за изборна кражба, особено кога станува збор за гласањето на […]

Кина тајно се подготвува за заминувањето на Путин и промената на власта


  Под Владимир Путин, кој ги прекина врските со Западот, Русија стана полноправен помлад партнер на Кина, која, иако претпазливо и дискретно, ја манипулира во своја корист. Во исто време, Пекинг тивко ги негува односите со руската владејачка класа, протегајќи се надвор од Путин и неговиот внатрешен круг, според „Волстрит џoрнал“, врз основа на интервјуа […]

Трамп ќе наплаќа надомест за „заштита“ на танкерите од богатите арапски држави, Лула го нарече тоа „пиратство“


Претседателот Трамп вели дека Америка ќе биде надоместена од земјите богати со нафта од Блискиот Исток како Катар, ОАЕ, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија за одбраната на Ормутскиот теснец. „Сакам да ми бидат вратени парите затоа што заштитуваме многу богат дел од светот. Трошиме пари, па затоа она што го направивме е да ни бидат […]

Цените на билетите за финалето на СП2026 достигнаа астрономски износи. Еве колку чинат најскапите


Светскот првенство стигна до финалето. По 100 натпревари, само четири екипи остануваат во борбата за титулата, а до крајот на турнирот остануваат само четири натпревари. Франција и Шпанија и Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето, а цените на билетите за финалните натпревари достигнаа астрономски износи. Во полуфиналето ќе се соочат Франција и Шпанија, […]

Македонец обвинет во Загреб: Се преправал дека е лекар и измамил шест лица за 41.000 евра


Општинското кривично државно обвинителство во Загреб поднесе обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој е обвинет дека лажно претставувајќи се како лекар, измамил шест лица за вкупен износ од 41.400 евра. Ова е продолжение на случајот што го објави државното обвинителство (ДОРХ) на 24 април оваа година, пренесува Индекс.хр. Според обвинението, обвинетиот ги извршил […]

Прилеп два дена без вода на 35 степени Целзиусови


Дел од Прилеп на 14 и 15 јули ќе има нарушено водоснабдување поради голем дефект на примарната водоводна линија на улицата „Леце Котески“. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ работат на санација, но поради обемот и сложеноста на интервенцијата, нормализирањето на снабдувањето не се очекува веднаш. Дефектот настанал во раните утрински часови во понеделникот, кога […]

Украински дронови ја погодија последната голема руска рафинерија на 1.500 километри од границата


  Во ноќта на 14 јули, украински дронови го погодија еден од најголемите руски петрохемиски комплекси, „Гаспромнефтехим Салават“, во Башкортостан, објавија украинските мониторинг канали. Според објавените снимки, избувнал пожар во објектот, кој се наоѓа на 1.500 км од украинската граница. Ова го потврдува и „Астра“, која прегледала видео снимки од очевидци кои пријавиле „бројни дојдовни […]

Како гардероберот на Шарлиз Терон za „Одисеја“ го канализираше нејзиниот лик на  нимфата Калипсо


„Одисеја“ е само неколку дена од пристигнувањето во кината, а неговата прес-турнеја веќе создаде многу модни наслови. Грчкиот стил е неофицијален кодекс на облекување за ѕвездите што го промовираат филмот, вклучувајќи ја и Шарлиз Терон, која носеше Диор, Живанши и Том Форд, меѓу другите дизајнери, во текот на целата турнеја. Но, надвор од митолошкиот наклон […]

„Летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија – приведен црногорски државјанин


Црногорски државјанин е лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, управувал автомобил со брзина од 205 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 13 јули во 11:09 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија при контрола на сообраќајот со радар утврдиле дека Д.Б. (36) од Црна Гора управувал […]

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект


Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат дека зависноста од увоз претставува стратешки ризик за европската економија. Македонија, иако располага со значајни резерви на бакар во Иловица, сè уште не […]

Македонец се обидел да убие Србин на брод во Медулин со нож. Уапсен е


Полицијата во Пула привела 54-годишен државјанин на Северна Македонија осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија. Според нив, нападот со нож се случил во понеделник во раните утрински часови на брод во Медулин. Според полицискиот извештај, мажот е осомничен дека зел нож и го замавнал кон главата и стомакот на 48-годишникот на […]

Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на претседателот на бугарскиот клуб во Битола. Останува условната казна


  Апелацискиот суд во Битола донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на претседателот на избришаното здружение Културен клуб „Ванчо  Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, откако Основниот суд му изрече условна казна затвор од една година со рок на проверка од две години. Судењето против битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски го покрена Основното јавно обвинителство […]

Ансамбл од Грција го отвора „Локум фест“ на Хераклеја во Битола


Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и […]