„Летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија – приведен црногорски државјанин
Црногорски државјанин е лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, управувал автомобил со брзина од 205 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 13 јули во 11:09 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија при контрола на сообраќајот со радар утврдиле дека Д.Б. (36) од Црна Гора управувал патничко возило „БМВ“ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на час.
На делницата каде што бил запрен, максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена соодветна пријава.