Пронајдено телото на скопјанецот кој исчезна во Преспанското езеро откако скокна од чамец по веслата


Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје е пронајдено и извлечено од Преспанското Езеро, неколку дена откако беше пријавено неговото исчезнување.

Според МВР, на 12 август во 13:15 часот, специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го извлекла телото кај туристичката населба Претор.

Скопјанецот бил пријавен за исчезнат на 8 август, откако околу 12:20 часот скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, Ресенско, по веслата кои му паднале во водата.

На местото бил извршен увид од екипа на СВР Битола – ОВР Ресен. По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено во Клиничката болница во Битола, каде ќе биде извршена обдукција.