Трагедија во фирма во Аеродром: Смртно настрада скопјанец откако бил прегазен од вилушкар


Скопјанец смртно настрада во двор на фирма во скопски Аеродром. Починал откако бил прегазен од вилушкар. 

Како што информираа од МВР, вчера околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Според пријавеното, при изведување работни задачи В.Н.(65) од Скопје бил прегазен од вилушкар, кој претходно сам се придвижил.

Известен е јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.