Турист од Грузија се удавил во Охридско езеро
Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид.
Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди.
Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за 46-годишниот Б.Д. од Грузија.