СДСМ одбива да се усогласува со Левица
Левица ја турка агендата на премиерот Христијан Мицкоски, а сака да создаде привид дека се бори за опозициско единство, соопшти денеска СДСМ. Партијата неа зошто да се усогласува со Левица затоа што има своја изградена позиција.
„Ние нема да прифатиме предлози кои отвораат простор за изборна кражба, особено кога станува збор за гласањето на дијаспората и за модели кои фаворизираат една партија на сметка на фер и транспарентни избори.
Левица, како сателитска партија на ВМРО, нема легитимитет да ја претставува опозицијата ниту да ја диктира агендата.
Нивната улога во изминатиот период е повеќе од јасна, да создаваат притисок врз СДСМ да прифати решенија кои се во интерес на Мицкоски, а не во интерес на фер избори. Нашата позиција е јасна: Изборниот законик мора да гарантира фер, транспарентни и фер избори“, велат од СДСМ.