Силни бои и волуминозна силуета: Гордана Силјановска-Давкова на „Охридско лето“ привлекува внимание
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, како покровител на „Охридско лето“ не привлекува внимание на меѓународниот културен фестивал само со романтичарското обраќање, туку и со модниот избор. Нејзиниот стајлинг се издвојува по впечатлива палета на силни бои и волуминозна силуета, создавајќи изглед што лесно го привлекува погледот. Каква порака испраќа со впечатливиот избор на тоалета, годинава во џиш розева, лани во металик зелена? Во отсуство на официјални информации од нејзиниот кабинет, не е јасно кој се грижи за нејзиниот јавен стајлинг, дали се грижи или советува моден експерт или е личен избор на Давкова.
Не се сите импресионирани од елегантниот , но смел избор на Давкова, која годинава најногу воодушеви со изборот на шарени салонки со змиски дезен. Уште од нејзината инаугурација како претседател и го приметивме нејзиниот избор на убави чевли од кожа и лак, кои за жал не се носат секогаш соодветно при гала настани како што се очекува.
Смелиот моден избор, особено за „Охридско лето“ уште еднаш покажува дека во родниот Охрид, Давкова е своја на своето и дека со интезивните нијанси на тоалетата сака да внесе свежина и визуелна експресивност, заради свечената атмосфера на фестивалот.

Отворањето на „Охридско лето“ традиционално претставува еден од најзначајните културни настани во земјата, каде што покрај богатата уметничка програма внимание и озборувања привлекуваат и модните изданија на бројните гости и јавни личности. Во таков амбиент, изгледот на Давкова беше меѓу позабележаните, заедно со на министерката за енергетика Сања Божиновска, во портокалова тоалета , со која седеа една до друга, прв пат годинава, во партерот на Антички, во друштво на сопругата на премиерот Рози Мицкоска.
Државата дома и во странство се претставува и со стилот на облеката, не само со она што го зборувате на говорница, секој моден гаф како несоодветен збор може скапо да чини зашто вие сте репрезент на нацијата дома и во светот. Добар и соодветен изглед никогаш не одмогнал, туку може да помогне и да донесе екстра политички поени.
Јавноста тука и во светот знае да биде немилосрдна, да ве осуди за лош стил, но и за премногу брендирана и скапа облека. Компромисот и дипломатијата во водењето преговори се важни и за стилот на политичарите и претседателите.
Универзитетската професорка Давкова, откако стана претседател, е под лупа на јавноста и со својот изглед на средбите во претседателската вила на Водно, налето, во Горица, во Охрид, на гала настани во Скопје и низ Македонија и покрај светските лидери и први дами во странство. Не робува на една боја, ќе ја видиме во гардероба во бела, сина, зелена, розова боја… Во фустани, здолниште, стилизирани пантолони… Кројот некогаш е строг , а некогаш полежерен. Чевлите, очигледно и се моден фестиш, а единствена константа и е ѓерданот како моден додаток. Косата секогаш и е исфенирана, шминката дискретна.