Трамп ќе наплаќа надомест за „заштита“ на танкерите од богатите арапски држави, Лула го нарече тоа „пиратство“


Претседателот Трамп вели дека Америка ќе биде надоместена од земјите богати со нафта од Блискиот Исток како Катар, ОАЕ, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија за одбраната на Ормутскиот теснец.

„Сакам да ми бидат вратени парите затоа што заштитуваме многу богат дел од светот. Трошиме пари, па затоа она што го направивме е да ни бидат вратени парите за заштита“, рече Трамп.

Бразилскиот претседател Инацио Лула реагираше на ваквата најава нарекувајќи го планот на Трам „пиратство“.

„Трамп објави дека повторно ќе го отвори Ормутскиот теснец, но за секој брод што ќе го пушти да помине низ теснецот, сопственикот на нафтата ќе мора да му плати 20%. Тоа порано се нарекуваше пиратство, нели? Земја толку важна како Соединетите Американски Држави, која помина толку долго борејќи се против пиратството, сега не треба да стане пират. Тој не треба да наплаќа за тоа, бидејќи теснецот не е негова одговорност“, рече Лула.

 Трамп вели дека САД потрошиле милијарди за заштита на Ормутскиот теснец и затоа очекува  земјите од Заливот да ѝ ги надоместат трошоците на Америка.

Категорично „не“ му прати и рускиот претседател Владимир Путин. Одговарајќи на прашање, Путин наводно рекол: „Никогаш не сме ги замолиле САД да војуваат со Иран, ниту пак сме ги замолиле да го обезбедат Ормутскиот теснец. Затоа, нема да ѝ платиме на Америка ниту еден цент.“

Инаку претседателот на САД Трамп во април годинава изјави дека „ниту една земја не може да наплаќа патарина за бесплатен воден пат“, алудирајќи на Иран. Сега, само за три месеци, има друг став и најави дека ќе наплаќа патарина од 20 отсто за сите земји, а наведените богати арапски земји ќе му платат и  надомест за заштитата.

Медиумите притоа го цитираат државниот секретар Марко Рубио кој држеше предавања за меѓународните правила,  додека неговиот претседател отворено ги прекршува.

„Ниту една земја не смее да наплатува патарина на меѓународен воден пат. Тоа вели меѓународното право. Така е во целиот свет“.