Дванаесет сојузни американски држави против спојувањето на Ворнер брос дискавери и Парамаунт скајденс


Група од 12 американски сојузни држави предводени од Калифорнија, вчера започна постапка против спојувањето на Ворнер брос дискавери и Парамаунт скајденс, вредно 81 милијарда долари. „Планираното спојување би ја нарушило конкуренцијата во Холивуд и би довело до отпуштања во американската филмска индустрија, се наведува во тужбата“ Во тек на судската постапка, се очекува договор меѓу […]

Актерот Бајруш Мјаку на „Охридско лето“ одбележа 53 години плодна уметничка кариера


Првата театарска  премиера на „Охридско лето“, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“  донесе извонредна актерска игра. Претставата е во продукција на „ Театарот на еден актер“.  Сценографијата  ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури. Големиот бард во македонското глумиште, Бајруш Мјаку со […]

ЛШ: Вардар денеска пред тешка задача на реваншот во Финска


Македонскиот првак Вардар со два гола негатива денеска му гостува на фински Купс во реванш натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ). На својот прв натпревар откако по пауза од осум години се врати во европските клупски натпреварувања, Вардар минатата недела во Скопје беше поразен од финскиот шампион со 2-0 и ќе […]

Сe плаши дека ќе биде исвиркан или е премногу зафатен? Зошто Трамп не е на трибините на Светското првенство?


 Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше принуден да ѝ објасни на јавноста зошто Доналд Трамп отсуствува од трибините на Светското првенство. Досега се одиграни 100 од 104 натпревари од најголемиот меѓународен турнир, а американскиот претседател сè уште не присуствувал на ниту еден од водечките натпревари во сопствената земја. Ова изгледа чудно, па дури и сомнително, […]

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година


Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026, се вели во соопштението од АЕТМ, кое се темели на податоците на Народната банка на Македонија.  Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од […]

Софија и Бургас во трка за домаќин на Евросонг 2027


Бугарската национална телевизија (БНТ) објави дека Софија и Бургас се во потесен избор за домаќини на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година, елиминирајќи ги Пловдив и Варна, кои исто така беа во трка за домаќини на популарниот музички натпревар. Одлуката беше донесена по оценувањето на кандидатурите на четирите градови. Градовите беа оценети според голем […]

Норвешката федерација ги даде сите приходи од билетите за Газа


Норвешката фудбалска федерација одлучи да ги донира сите приходи од продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Израел за хуманитарна помош на жителите на Газа. Собраните пари ќе бидат насочени кон медицински и хуманитарни организации кои работат во областа, вклучувајќи ги „Лекари без граници“ или „Лекари без граници – […]

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за затајување данок


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција […]

Денес е „супер вторник“ за проширувањето


Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денеска е „Супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден. Кос на платформата „Икс“ објави дека за првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, […]

Тајфунот Бави предизвика големи поплави во Кина, евакуирани над 260.000 лица


Најмоќната бура што ја погоди Кина годинава, тајфунот Бави, предизвика евакуација на над 260.000 лица во североисточната покраина Лиаонинг, бидејќи со себе тој донесе  и интензивни поплави. Се очекува обилните дождови да продолжат во текот на денешниот ден со екстремни поројни дождови во некои области, соопштија властите, бидејќи Бави влече големи количества влажен воздух кон […]

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!


„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра. Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Зајкова […]

Кривична за трите девојки од Куманово кои претепаа и снимаа девојка, на која ѝ се заканиле да молчи


Според информациите од МВР, СВР Куманово поднело кривична пријава против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Истрагата покажала дека на 13 […]

Повеќе од 3.000.000 евра дала „Комунална хигиена“ за вработувања преку агенции, затоа што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа годишен план


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на јавното претпријатие и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со […]

Се разубавува потегот од Зеленото пазарче до Собранието


„Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки […]

СП 2026: Почнува разврската за титулата, Франција за петто или Шпанија за второ мундијалско финале


Разврската за титулата на Светското фудбалско првенство почнува вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас кога во првата од двете полуфинални пресметки ќе се соочат Франција и Шпанија. Актуелниот светски вицешампион Франција и европскиот првак Шпанија досега имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата на мундијалските турнири кога во осминафиналето во 2006 […]

Концерт на пијано со маестро Александер Мелников вечерва на „Охридско лето“


На програмата на 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е содржина од музичкиот дел, со целовечерниот солистички концерт на рускиот пијанист Александер Мелников. Александер Мелников е дипломец на Московскиот конзерваториум во класата на Лев Наумов, а уште на рана возраст лично го запознава Свјатослав Рихтер кој подоцна редовно го поканува на неговите фестивали во […]

Меси го пропушти тренингот, проблемот не е сериозен


Во пресрет на полуфиналната пресметка со Англија на Светското првенство, во таборот на Аргентина имаше краток период на загриженост откако капитенот Лионел Меси (39) го пропушти тренингот. Сепак, набрзо пристигнаа смирувачки вести од централата на актуелните светски шампиони во пресрет на мечот што ќе се одигра в среда во Атланта, кој ќе биде прв меѓусебен […]

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, нови критики кон ИЦЕ


Агент на американската Агенција за имиграциска контрола (ICE) застрелал маж, за кого организациите за човекови права тврдат дека бил 26-годишен државјанин на Колумбија. Случајот дополнително го зголеми незадоволството во јавноста кон Агенцијата задолжена за спроведување на строгата имиграциска политика на претседателот Доналд Трамп. Инцидентот во кој бил убиен имигрантот се случил во Бидефорд, град со […]

Дел од Севастопол на Крим без струја по украински напад врз електроенергетската инфраструктура


Дел од Севастопол што се наоѓа на Кримскиот Полуостров, остана без електрична енергија во текот на ноќта по голем напад на украинските сили врз енергетската инфраструктура на градот, соопшти рускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развожаев. „Како резултат на голем напад на непријателот врз нашата енергетска инфраструктура, дел од градот остана без снабдување со електрична енергија. […]

САД воведоа карантинска мерка за своите државјани кои се враќаат од ДР Конго


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана американски државјани да се враќаат во САД со цивилни летови од Демократска Република Конго поради ширењето на еболата во земјата, соопшти претставник на Белата куќа. Според наредбата, американските државјани кои се наоѓаат во ДР Конго како и оние кои неодамна престојувале таму, нема да можат да се […]