Прв смртен случај во епидемијата на легионерска болест во Њујорк


Едно лице почина во Менхетен како последица од зараза со легионерска болест, соопштија здравствените власти во Њујорк. Официјалните претставници не објавија детали за починатото лице, вклучувајќи го идентитетот, возраста или околностите на заразата. Според податоците од здравственото одделение во градот, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд во Њујорк, се разболеа најмалку 67 […]

Гори постројка за производство на електрична енергија и десалинизација на вода во Кувајт по иранскиот напад


Пожар избувна во постројка за производство на електрична енергија и десалинизација на вода во Кувајт по иранскиот напад, соопшти денеска Министерството за електрична енергија, вода и обновлива енергија на земјата. Надлежното министерство изјави дека поради инцидентот, неколку единици за производство на електрична енергија се исклучени. Напорите за локализирање на пожарот и извршување на поправки се […]

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме, власта врши системски пристисок врз судството


Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива. Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта, оценува […]

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја погоди источна Турција


Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава источната турска провинција Малатија, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот наутро по локално време, со епицентар во округот Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. Тресењето на […]

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс.  На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како […]

Европската комисија предлага ревизија на тргувањето со емисии и забрзана електрификација


Европската комисија презентираше предлози за забрзување на електрификацијата и промена на пазарот на емисии на јаглерод диоксид. Зависноста на Европа од увезени фосилни горива постојано доведува до геополитички превирања, се вели во соопштението на комисијата по повод оваа пригода. Европската комисија признава дека оваа зависност ја ограничува европската конкурентност и инсистира на забрзана електрификација на […]

Сообраќајот низ Ормускиот теснец речиси целосно запре, во четвртокот поминале само осум брода


Морскиот сообраќај низ Ормускиот теснец речиси целосно повторно запре по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, соопшти во петокот давателот на податоци Kpler, објави dpa. Само осум бродови поминаа низ теснецот во четврток, што е најмал број регистриран за три недели, објави Kpler на платформата X. Во среда, 15 бродови поминаа низ теснецот. […]

Де ла Фуенте: Би се согласил да стигнувам до финалето на СП секоја година, дури и ако го изгубам


Пред финалето на Светското првенство во 2026 година против Аргентина, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека е целосно смирен пред натпреварот. -Самото стигнување до финалето е голема привилегија. Би се согласил да стигнувам до финалето на Светското првенство секоја година, дури и ако го изгубам. Но, сакаме да се бориме за победа. […]

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место


Репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на Светското фудбалско првенство 2026. Мечот ќе се одржи на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23 часот по македонско време. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила […]

Трамп сака уште едно Светско првенство, но без Канада и Мексико


Додека Светскиот куп, кој се одржува во Северна Америка, се ближи кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата желба САД да бидат домаќини на уште едно Светско првенство во блиска иднина – на прием во Њујорк пред финалето во недела. „Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави“, рече Трамп на прием во […]

САД ја завршија седмата ноќ напади врз Иран, Техеран ги нападна Кувајт и Јордан


САД ја завршија седмата ноќ по ред напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ, а иранската војска во саботата соопшти дека погодила воени цели во Кувајт и Јордан како одговор на американските напади врз нејзина територија, објави државната телевизија. Иранските сили соопштија дека ги нападнале воениот камп Ал-Адири и базата Али Ал-Салем во Кувајт, како и воздухопловната […]

Србија и Америка се договорија за соработка во енергетиката, војската и 5G


Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, вчера го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија во Вашингтон, сигнализирајќи заедничка цел за зајакнување на партнерството меѓу двете земји, објави американската администрација во заедничко соопштение. Стејт департментот изјави дека почетокот на стратешкиот дијалог го зајакнува партнерството меѓу […]

Националниот џез оркестар ќе настапи на AirBeat фестивал во Корча, Албанија


Националниот џез оркестар денеска ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти.  На главната фестивалска вечер, под диригентската палка […]

Изложба „Дијаграми на отелотворување“ на Иванчо Талевски ќе биде отворена во Охрид


Самостојната изложба „Дијаграми на отелотворување“ на уметникот Иванчо Талевски ќе биде отворена вечер во Куќата на Робевци (НУ Завод и Музеј – Охрид). Ова е прва самостојна изложба на авторот во Охрид. Почнувајќи од 2015 година, за време на честите патувања на релација Битола – Филаделфија, авторот Иванчо Талевски преку своите цртежи ги бележи времето […]

На Скопско лето вечер „Фрида од Македонија“ и камерен концерт „Вокално пијанистички рецитал“


Концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“ насловен „Пеам – значи живеам“ ќе се одржи утре вечер со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје, во рамки на Скопско лето. Настанот претставува целовечерен концерт на првата (најискусна) група на а.ж.х. Фрида од Македонија, составена од искусни, долгогодишни хористки на кои музиката им […]

И денеска многу топло, температура до 39 степени, попладне можен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти […]

Украински дронови уништија руски стратешки бомбардер „Ту-95“


  Претседателот Володимир Зеленски најави нови „санкции од долг дострел“ против Русија. Според него, силите на Безбедносната служба на Украина (СБУ) уништиле стратешки бомбардер „Ту-95“ кој бил вклучен во напади на украинска територија. Авионот се наоѓал во градот Енгелс во Саратовската област, на 800 км од границата. Зеленски, исто така, извести за напади на украинските […]

И Србија отвори стратешки дијалог со САД


  Американскиот државен секретар Марко Рубио го отвори Стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија во петокот во Стејт департментот, предводен од министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, кој го опиша моментот како „историски“, објави Радио телевизија на Србија (РТС), повикувајќи се на американската администрација. „Ова е важен успех за нашата земја. Ќе продолжиме да водиме […]

Летни бесплатни здравствени прегледи на пункт на отворено под сенка за велешани


Здравствената екипа од службата за Итна медицинска помош во Велес денеска изврши летни бесплатни здравствени прегледи на отворено со граѓаните на плоштадот С’рмаале, на пункт поставен под сенките на повеќевековниот јавор. Како што информираат од ЈЗУ Здравствен дом, за два часа биле измерени гликемија и крвен притисок на вкупно 122 велешани од тоа за гликемија […]

Халанд се подготвува за трансфер


Ерлинг Халанд успешно ја предводеше Норвешка на Мундијалот и ја потврди својата добра форма. Тој останува дел од Манчестер Сити и во следната сезона, но дел од неговите планови е и трансфер во друг клуб. Според француски „Спорт“, Халанд е подготвен за премин во Реал Мадрид. Информациите стигнуваат и од експертот за фудбалски трансфери Фабрицио […]