За Мицкоски извештајот на ЕК за владеењето на правото бил најдобар до сега: „Ќе продолжам со критики за правосудството, пари нема да добијат“


Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обиде да ги релативизира оцените на Европската комисија за владеењето на правото во Македонија објавени вчера, при што наспроти констатациите за мешањето и притисокот врз правосудството од страна на политичари и институции, тој рече дека ќе продолжи со критики и со барање да се испорачаат резултати, како и дека судството […]

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива


Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива.   – Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен […]

Силно невреме го погоди јужниот дел на Загреб


Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици што се очекува околу 15 часот. Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи […]

Мицкоски шокиран од труењето во Гостивар: Ќе има одговорност


Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот. -Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и […]

УЈП најостро го осудува нападот врз даночните контролори


Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица, соопштија од УЈП. Од таму посочуваат дека ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот […]

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром ќе заврши до крајот на летото


Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро.   – Таму имаме четири […]

Два автобуси се судрија во јужна Чешка, 40 повредени


Четириесет лица се повредени од кои девет се здобиле со тешки повреди во судар на два автобуса во близина на градот Знојмо во јужниот дел на Чешка. Спасувачката служба соопшти дека сударот меѓу два регионални автобуси се случил од непознати причини, во сончево време, на сув пат меѓу Знојмо и Брно. „На местото на несреќата […]

Нема прогласување епидемија во Гостивар, се бара причината за стомачните тегоби


Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и […]

Инвазија на Аргентинци во Њујорк: Околу 50.000 навивачи пристигнаа пред финалето против Шпанија


Пред финалето на Светското фудбалско првенство 2026, околу 50.000 навивачи на Аргентина пристигнаа во Њујорк (САД) за да ја поддржат репрезентацијата во борбата за трофејот против Шпанија, објавува „Марка“. Не сите навивачи дојдоа директно од Аргентина – некои живеат во САД. Покрај тоа, не сите од нив ќе можат да влезат на стадионот. Масовното пристигнување […]

„Епл“ и „Нвидиа“ во битка за титулата највредна компанија во светот


„Епл“ и „Нвидиа“ (Apple и Nvidia) се бореа за титулата највредна компанија во светот во петокот, при што производителот на ајфон накратко го зазеде првото место по пазарна вредност. Акциите на „Нвидиа“ накратко паднаа за околу три отсто, а пазарната вредност на компанијата беше намалена на 4,84 милијарди долари во раните утрински тргувања, додека пазарната […]

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски во Дебaрца (во живо)


Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Општина Дебaрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волин. Во рамки на посетата, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. […]

(Галерија) Скопје на плус 38 степени: На скопските улици е како под вршник


„Скопје има микро клима“, е познат рефрен од легендарната музичка нумера на „Леб и сол“, еден од нашите најпознати бендови. Еден дел од тој рефрен, оној што се однесува на „изгор лето“ е актуелен деновиве, надвор е како под вршник, иако температурите кои официјално се презентираат, тоа можеби и не го потврдуваат. Скопје памети и […]

(Видео) Повеќе од 100 куќи изгореа во голем пожар во Норвешка


Повеќе од 100 домови беа уништени во огромен пожар што избувна вчера во јужна Норвешка, а стотици луѓе мораа да ја напуштат областа, објавија норвешките власти и јавниот радиодифузен сервис НРК. Пожарот избувна вчера околу 15:30 часот во градскиот округ Крокстаделва во Драмен, град кој се наоѓа на околу 34 километри југозападно од Осло. Пожарот […]

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади


Снабдувањето со вода за пиење е прекинато за најмалку 10.000 луѓе по должината на иранскиот брег по американските напади на југот од земјата, објави ДПА, повикувајќи се на официјални извори. Причината е гранатирањето на постројката за десалинизација на морска вода во крајбрежниот регион Jаск, соопшти владината прес-служба, повикувајќи се на компанијата за водоснабдување на покраината […]

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го нарече Светското првенство 2026 најдобро во историјата. Тој оваа оценка ја даде на прес-конференцијата со американскиот претседател Доналд Трамп. Официјалниот претставник претходно ги именува сите Светски првенства најдобри од неговиот избор за шеф на организацијата во 2016 година. Во 2018 година, тој го пофали Светското првенство одржано во Русија, […]

Отворен Пивофест, организаторите ветуваат тридневна забава со познати музички ѕвезди


Со бројни посетители од повеќе градови од земјава и странство и со познатиот пенлив пијалак и вкусна скара почна 23-тиот Пивофест во Прилеп којшто ќе трае до доцна во ноќта во недела. Организаторите ветуваат тридневна забава со познати музички ѕвезди. – Означуваме старт на 23-тото издание на Фестивалот на пивото во Прилеп. Имаме гости од […]

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, во фокусот одбраната, енергетиката…


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон. – Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор […]

ЕУ ја опоменува Португалија за рециклирањето – предупредување и за Македонија: Без стабилен систем нема исполнување на европските стандарди


Постапката што Европската комисија ја покрена против Португалија поради неисполнување на целите за рециклирање е уште еден сигнал дека Европската Унија сè построго ќе го следи спроведувањето на еколошките политики. Истовремено, ова е и јасна опомена за земјите кандидати, меѓу кои е и Македонија, дека развојот на ефикасен и транспарентен систем за управување со отпадот […]

Во двата земјотреси во Венецуела загинаа 5.069 луѓе


Во двата земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни загинаа 5.069 луѓе, изјави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез. Бројот на повредени и натаму е 16.740, додека 17.907 лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресот. Според претходно објавени податоци, оштетени се 856 згради. Земјотресите што ја погодија Венецуела беа со јачина од […]

Левица: Случајот во Гостивар отвора сомнение за неодговорно постапување


Информациите дека преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување. Површинска речна вода не смее непосредно да се вбризгува во мрежа наменета за вода за пиење. Пред воопшто да влезе во системот, таа мора да помине низ […]