Два автобуси се судрија во јужна Чешка, 40 повредени
Четириесет лица се повредени од кои девет се здобиле со тешки повреди во судар на два автобуса во близина на градот Знојмо во јужниот дел на Чешка. Спасувачката служба соопшти дека сударот меѓу два регионални автобуси се случил од непознати причини, во сончево време, на сув пат меѓу Знојмо и Брно.
„На местото на несреќата им пруживме помош на 30 лица со полесни повреди, девет се здобија со средни и тешки повреди. Спасувачката служба го активираше таканаречениот план за траума и ги информираше болниците дека носат поголем број повредени лица“, изјави Михаела Ботова, портпаролка на локалната служба за Итна помош.
Помош понуди Австрија, но чешките спасувачи и службите за Итна помош проценија дека 13 екипи на чешки служби опремени со хеликоптери се доволни.
Полицијата почна истрага и сè уште нема работна верзија за можните причини за несреќата.