Бугарија спровела пресуда на Стразбур дури по 20 години!


Ео извештајот за владеењето на правото во Бугарија, што го објави денес Европската комисија, стои дека пресуда изречена од Судот за човекови права во Стразбур Софија ја спровела дури по 20 години, аво просек за секоја од нив и требале над седум години? Тоа значи дека ако Стразбур сега реши да донесе одлука Бугарија да го признае македонското малцинство, оваа владеечка гарнитура кај нас нема ни да постои кога ќе се случи тоа, а прашање е дали ќе има и проширување на ЕУ воопшто. Куриозитет притоа е дека Бугарија има над 93.000 неспроведени одлуки на Судот во Стразбур. 

Според извештајот, до јануари 2026 година Бугарија имала  93 водечки пресуди на Европскиот суд за човекови права кои чекаа спроведување, што е зголемување од 4 во споредба со претходната година.

„ Во тоа време, стапката на водечки пресуди во Бугарија од последните 10 години кои беа
спроведени беше 44% (во споредба со 46% во 2025 годин), а
просечното време на чекање на спроведувањето на пресудите беше 7 години и 4 месеци.
 Најстарата водечка пресуда, која чекаше на спроведување 20 години, се однесува на лошите услови на притвор во притворските установи и затворите, како и на недостатокот на ефикасен правен лек за жалба за таквите услови.

Што се однесува до почитувањето на роковите за исплаќање (оштета), на 31 декември 2025 година имаше вкупно 11 случаи кои чекаа потврда за плаќања (во споредба со 9 во 2024 година). На 17 јуни 2026 година, бројот на водечки пресуди што чекаат спроведување остана на 93.209. Заинтересираните страни, исто така, изразија загриженост во врска со неспроведувањето на пресудите на Судот на правдата“, стои во извештајот.