СДСМ: Во Владата сите се занимаваат со туѓата работа, место со својата
СДСМ реагира на манирот во Владата сите да се занимаваат со туѓата работа, место со својата.
„Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање“, велат од СДСМводенешнатареакција,обвинувајќидека во услови на повеќе здравствени и еколошки проблеми во земјава, министрите се занимаваат со прашања надвор од нивните ресори.
Од опозициската партија посочуваат дека граѓаните се соочуваат со последици од небезбедна вода во повеќе од 50 населени места, загадени реки и појава на западнонилска треска. И, додека премиерот Христијан Мицкоски е отсутен, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно беше задолжен за хиперхлорирањето на водата во Гостивар и за чистењето на водоводната мрежа, а сега министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски излегува со информации поврзани со полициските постапувања околу ширењето на непроверени тврдења за безбедноста на водата во Скопје.
„Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција. Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје“, велат од СДСМ. Од опозициската партија прашуваат каде е Тошковски и дали презема активности во рамките на својата надлежност?
СДСМ оценува дека ваквата состојба дополнително ја намалува довербата на граѓаните во институциите, особено во ситуации кога, како што наведуваат, реакциите доцнат, а информациите не се навремено споделуваат со јавноста.
„Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа, само не со својата. Како луѓето да имаат доверба?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата ја обвинија Владата на Мицкоски за „тотален институционален распад“ и порачаа дека последиците од, како што велат, нефункционирањето на институциите ги чувствуваат граѓаните.