Полицајците добија откази, а Обвителството ја отфрли кривичната пријава од Тошковски за наводни злоупотреби


Случајот со наводното селективно и незаконско давање дозволи за поседување оружје, кој министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го најавуваше на телевизиските гостувања, доби правна разрешница. И покрај тоа што 15 полициски службеници добија откази, а министерот зборуваше за големи злоупотреби, односно дека се давале дозволи за поседување оружје на луѓе кои немале законско право на тоа, сепак Обвинителството ја отфрли кривичната пријава што ја поднесе токму МВР.

– Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваше по поднесената кривична пријава и ги обезбеди сите потребни докази, при што донесе решение за отфрлање на кривичната пријава. Имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба, прибраните докази и важечката законска рамка, јавниот обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените не се содржани елементи на кривично дело кое се гони по службена должност и не постојат законски основи за поведување кривична постапка, поради што е донесено решението за отфрлање на кривичната пријава – изјавиле од Обвинителството за „Слободен печат“.

Според нашите информации, Министерството нема право на жалба, а полицајците можат да тужат и да бараат да бидат вратени на работа.

Министерството во одговор за „Слободен печат“ не ја коментира одлуката на Обвинителството да биде отфрлена пријавата, но порачува дека не се откажува од дисциплинско гонење на полициските службеници.

Кривичната пријава МВР ја поднесе во ноември 2024 година, против 25 лица вработени во МВР за несовесно работење во службата. Според пријавата на МВР, претседателот и членовите на Комисијата за разгледување и подготвување на предлози за поднесени барања за издавање на одобрение за набавка на оружје, дале позитивно мислење за издавање на одобрение за набавка на оружје на предлогот доставен до Комисијата за ревизија за позитивно одлучените барања, спротивно на одредбите од Законот за оружје.

Другите осомничени, пак, во својство на претседател, членови и заменици членови на Комисијата за ревизија, наводно не извршиле правилна ревизија, при што постапувале несовесно и селективно при решавање на предметите, а по вкупно 5.470 предмети воопшто не постапиле и не донеле одлука со што придонеле да застарат.

-Наместо предметите да ги отфрлат или вратат на повторно одлучување заради докомплетирање, врз основа на претходно изготвени списоци на баратели на одобрение покрај кои биле испишани имиња на дел од членовите на Комисијата за ревизија, донеле позитивни одлуки и овозможиле баратели да се стекнат со одобрение за набавување на оружје спротивно на одредби од Законот за оружје. При вршење на ревизија постапувале несовесно и селективно при решавање на предметите, а по вкупно 5470 предмети воопшто не постапиле и не донеле одлука со што придонеле да застарат. Помошникот на министерот и началникот на Секторот за оружје и член на Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање на одобрение за набавување на оружје, пропуштиле должен надзор на начин што иако знаеле дека било позитивно одлучувано за поднесени барања спротивно на Законот за оружје, дека по поднесените барања селективно се постапува или воопшто не се постапува, овозможиле барателите спротивно на законските прописи да се стекнат со одобрение за набавување на оружје. По спроведена постапка, за потешко кршење на работниот ред и дисциплина, за 15 вработени е изречена мерка откажување на договорот за вработување – пишуваше во пријавата на МВР.о незаконски постапувале во изминатиот период – зборуваше Тошковски.

Неговиот претходник  Оливер Спасовски отказите за 15-те високи службеници во МВР ги нарече партиска чиста.