Прв смртен случај во епидемијата на легионерска болест во Њујорк
Едно лице почина во Менхетен како последица од зараза со легионерска болест, соопштија здравствените власти во Њујорк.
Официјалните претставници не објавија детали за починатото лице, вклучувајќи го идентитетот, возраста или околностите на заразата.
Според податоците од здравственото одделение во градот, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд во Њујорк, се разболеа најмалку 67 лица, додека повеќе од десетина се хоспитализирани.