САД ја завршија седмата ноќ напади врз Иран, Техеран ги нападна Кувајт и Јордан
САД ја завршија седмата ноќ по ред напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ, а иранската војска во саботата соопшти дека погодила воени цели во Кувајт и Јордан како одговор на американските напади врз нејзина територија, објави државната телевизија.
Иранските сили соопштија дека ги нападнале воениот камп Ал-Адири и базата Али Ал-Салем во Кувајт, како и воздухопловната база Ал-Азрак во источен Јордан, објави државната телевизија на Телеграм.
Американската војска спроведе седма ноќ по ред напади врз Иран, објави во петокот Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), додавајќи дека целите биле воена логистичка инфраструктура и други локации.
„Повеќе од 50.000 американски војници дејствуваат низ целиот Блиски Исток и остануваат во готовност, борбено подготвени и будни“, се вели во соопштението.