(Галерија) Скопје на плус 38 степени: На скопските улици е како под вршник


„Скопје има микро клима“, е познат рефрен од легендарната музичка нумера на „Леб и сол“, еден од нашите најпознати бендови. Еден дел од тој рефрен, оној што се однесува на „изгор лето“ е актуелен деновиве, надвор е како под вршник, иако температурите кои официјално се презентираат, тоа можеби и не го потврдуваат.

Скопје памети и многу повисоки тмператури, дури и над 40 Целзиусови степени, но и овие од околу плус 35, во комбинација со топлиот ветер и зрачењето на сонцето, прават чувството да е како да сме во рерна или под некој силен фен.

Како и да е, животот во градот продолжува и во вакви летни услови. 

Вообичаено, Скопје во овој период е подиспразнето, со оглед на годишните одмори, па за некои тоа е добредојдено, бидејќи ги нема вообичаените метежи и турканици, а и полесно се наоѓа место за паркирање.

Повремено, освежувње доаѓа со по некој пороен дожд.

Според прогнозата од утрово, минималната температура во Скопје ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

 

Метеоролозите прогнозираат дека во следните два дена ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.

Дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во вторник се очекува на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР.

А, до тогаш, треба да издржи. Како е во Скопје деновиве, погледајте ја галеријата, односно фотографиите на нашиот фоторепортер, Борис Грданоски.