Атлетико одби 150 милиони евра од Реал за Алварез


Реал Мадрид соопшти денеска дека неговиот градски ривал Атлетико ја одбил понудата од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулиан Алварез. „Кралскиот клуб“ по состанокот на Управниот одбор испратил понуда за играчот. „Атлетико изрази благодарност на предлогот и во рамки на добрите односи на двата клуба ја одби понудата. Притоа се повика на откупната клаузула […]

Го нудеше на Емиратите, па на Американците. Мицкоски сега вели ќе „стиснеме заби“ и сами ќе го градиме „Чебрен“


  Владата е пред конечна одлука проектот „Чебрен“ да го гради државата, наместо како повеќето од претходните 14 обиди во изминатите децении, да се бара приватен партнер од странство. Како што изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, тој самиот, а и во Владата и во државната ЕСМ сметаат дека треба да „стиснеме заби“ и самите да […]

Шокантна исповед на шефот на антикорупциската агенција на Унгарија: „Луѓето на Орбан украдоа 160 милијарди евра“


  Унгарската антикорупциска агенција разви модел на вештачка интелигенција за следење на пари за кои постои сомневање дека се проневерени за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан. „Создадовме најсовремена алатка за борба против корупцијата, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење интегрирани во систем способен за следење на унгарските економски трансакции во реално […]

Истражување на Ројтерс: Семејството Трамп заработило 2,3 милијарди долари од криптопроекти, додека инвеститорите бележат големи загуби


Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од криптовалутни проекти што ги промовирало по изборите во 2024 година, додека повеќе од еден милион инвеститори забележале нето-загуби во приближно ист износ, покажува истражување на Ројтерс, пренесуваат западни медиуми. Агенцијата анализирала блокчејн записи, корпоративни документи, интернет-објави и јавни изјави на семејството Трамп и […]

Фон дер Лајен: ЕУ во следните денови го отвора првиот преговарачки кластер со Молдавија и Украина


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, на конференција во Брисел, изјави дека Молдавија и Украина во следните неколку дена ќе направат нов чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија со отворањето на првиот преговарачки кластер. Според Фон дер Лајен, оваа одлука ќе го означи преминот кон следната фаза од пристапниот процес […]

Бранови високи до 11 метри го погодија Велингтон, евакуирани стотици жители


Силни бранови високи до 11 метри и бурни ветрови ја погодија јужната крајбрежна област на Велингтон во Нов Зеланд, предизвикувајќи евакуации, нарушувања во сообраќајот и краткотрајно прогласување вонредна состојба, која подоцна во текот на денот беше укината. Властите издадоа задолжителна наредба за евакуација на крајбрежните населби Овиро Беј, Ајланд Беј, Хаутон Беј, Брејкер Беј и […]

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно


  „Ѕидот од дронови“ подигнат по фронтовската линија од страна на украинската војска драматично ги зголеми загубите за руската армија, која е во петтата година од обидите да ги заземе териториите анектирани од Кремљ во 2022 година. Во просек, руските војници имаат 9.000 луѓе убиени на фронтовската линија месечно во 2026 година, или приближно 300 […]

Серена Вилијамс се врати на теренот и победи


Успешно враќање на тенискиот терен имаше Американката Серена Вилијамс. Таа попладнево го одигра првиот меч по УС Опен 2022. Серена Вилијамс во конкуренција на двојки со Викторија Мбоко од Канада во првото коло на Квинс турнирот ги победија Никол Мелихар-Мартинез од САД и Ерин Рутлиф од Нов Зеланд со 2:0 во сетови (7:6(2) и 6:2). […]

Хеликоптерот „Апачи“ го соборил Иран, потврди Трамп


  Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Иран соборил американски воен хеликоптер „Апачи“ за време на патрола над Ормускиот Теснец и рече дека САД ќе одговорат на тој напад. „Штотуку бев информиран од нашата голема војска дека синоќа Иранците соборија еден од нашите многу софистицирани хеликоптери ‘Апачи’ додека патролиравме над Ормускиот Теснец. Во него имало […]

Недостатокот на сон може да го зголеми ризикот од овие болести и негативно да влијае на телото


Квалитетниот сон се смета за еден од клучните фактори за здравјето и виталноста на телото. Иако многумина го занемаруваат поради нивниот зафатен животен стил, редовниот и квалитетен одмор во текот на ноќта е неопходен за правилно функционирање на целото тело. Додека спиеме, телото се регенерира и се подготвува за нови секојдневни предизвици. Во овој период, […]

Стевчо Јакимовски: „Осуден сум политички од овој диктаторски режим“


  Сето ова е направено од политички причини. Осуден сум на една година затвор за да не се кандидирам на можни избори за градоначалник на Карпош. Вака денеска поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, ја оцени одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да биде осуден на една година затвор за бесправно […]

Аријана Гранде повторно е сама: Раскина со момчето Итан по три години врска


Аријана Гранде и нејзиниот партнер, Итан Слејтер, раскинаа по три години врска. Иако веста за раскинувањето беше објавена дури сега, раскинувањето наводно се случило пред неколку месеци. Пејачката и актерка Аријана Гранде и нејзиниот партнер Итан Слејтер раскинаа по три години врска, дознава Дејли Меил. Според извор близок до двојката, Гранде и Слејтер ја донеле […]

Во Америка, жени биле затворени во вила и принудени да снимаат содржина за OnlyFans


Полицијата во американската држава Вашингтон откри вознемирувачки случај на трговија со луѓе откако извршила рација во куќа за која соседите верувале дека е само место за неконтролирани забави. Истрагата открила дека вилата Белвју наводно била местото каде што жените биле злоупотребувани и принудени да снимаат содржина за возрасни, објавува Live 5 News. Соседите ја повикувале полицијата […]

Голема промена доаѓа кај автомобилите: Револуција или целосно неуспешна идеја?


Во последните месеци, производителите на автомобили се тркаат да воведат сè понапредни гласовни асистенти со вештачка интелигенција кои наводно можат да разговараат со возачот, да закажуваат состаноци, да наоѓаат ресторани и да контролираат бројни функции на возилото. Но, додека индустријата ги претставува како следно големо нешто, сè повеќе луѓе се прашуваат дали решаваат вистински проблем. […]

Московскиот суд ја потврди бруталната казна за сатиричар за исмејување на Путин во Германија


Апелациониот суд во Москва во вторникот ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот сатиричар, скулптор и илустратор Жак Тили за неговиот карневалски плотун. Судијата Владимир Усов ја прочита одлуката на тричлениот судски совет, наведувајќи дека жалбата на одбраната против пресудата е одбиена и казната е потврдена. Осуден […]

„Опен АИ“ поднесе барање за излегување на берза, се стреми кон билионска вредност


„Опен АИ“ (OpenAI), производителот на популарниот четбот Чет ЏПТ (ChatGPT), денес соопшти дека поднел барање за почетна јавна понуда (IPO) во Соединетите Американски Држави. Се придружува на конкурентот „Антропик“ (Anthropic) во трката за излегување на берза, обидувајќи се да профитира од огромната побарувачка на инвеститорите за акции во секторот за вештачка интелигенција, објавува Ројтерс. „Опен […]

Од полни усти фалби до конфликт за заштита на македонскиот јазик


  Политиката е со полни усти за одбрана на јазикот и идентитетот во странство, а дома се случува нешто поинакво. Неодамнешната оставка на Симона Груевска-Маџоска од Советот за македонски јазик беше знак во јавноста дека има несогласувања околу грижата кон јазикот, недоразбирања меѓу институциите и отвори дебата за односот на Министерството за култура кон јазичната […]

Стружанка си ги оставала децата да спијат во автомобил додека одела на работа


Мајка од Струга ги оставала малолетните деца да спијат во автомобил додека одела на работа. Случајот во полиција го пријавил таткото на децата.  – На 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на […]

Новиот пакет санкции на ЕУ силно ќе ги погоди руските банки


  Европската унија во вторникот претстави нов пакет предложени санкции против Русија, насочени кон банкарскиот, енергетскиот и трговскиот сектор на земјата, во обид да ја ослабне нејзината економија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека економијата на Русија „нагло забавува“ додека го презентираше 21-от пакет санкции на блокот, седум недели откако претседателот […]

Бугарија повеќе нема да испраќа оружје за Украина


Новата бугарска влада, предводена од премиерот Румен Радев, нема планови да продолжи да испраќа воена помош во Украина, објави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. „Време е да седнеме на преговарачка маса. Време е да се бара праведен мир што ќе го одредат двете страни“, рече Стојанов на прес-конференција, според Бугарското национално радио (БНР). Промената […]