Атлетико одби 150 милиони евра од Реал за Алварез


Реал Мадрид соопшти денеска дека неговиот градски ривал Атлетико ја одбил понудата од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулиан Алварез. „Кралскиот клуб“ по состанокот на Управниот одбор испратил понуда за играчот.

„Атлетико изрази благодарност на предлогот и во рамки на добрите односи на двата клуба ја одби понудата. Притоа се повика на откупната клаузула во договорот“, соопштија од Реал.

Како што пренесува „Марка“ неговата откупна клаузула е 500 милиони евра, а неговиот договор истекува во 20230 година. Алварез една сезона го носи дресот на Атлетико Мадрид и дојде од Манчестер Сити за 75 милиони евра. За мадридскиот клуб одигра 49 натпревари и постигна 20 голови.

Во дресот на Аргентина, Алварез на 51 натпревар има постигнато 14 голови.