Американскиот Конгрес одобри милијарди долари за борба против илегалната имиграција


Американскиот Конгрес синоќа одобри речиси 70 милијарди долари за финансирање на агенциите за спроведување на законите за имиграција, што се смета за голема победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги продолжи своите цврсти имиграциски политики во остатокот од неговиот втор мандат. Мерката, која беше поддржана од Републиканците, помина во Претставничкиот дом со […]

Бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Кисела Вода под мотото „Спремни за средно!“


Општина Кисела Вода организира бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците под мотото „Спремни за средно!“, наменета за сите ученици кои го завршуваат основното образование во оваа општина. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23:30 часот. Се очекува присуство […]

Промоција на збирката „Да живее Долна Дупка“ од Коле Ангеловски во Драмски театар


Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар – Скопје, денес во 19 часот во театарот ќе биде промовирана книгата „Да живее Долна Дупка“ од доајенот на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. На промоцијата ќе се обратат директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, театарскиот критичар Тодор Кузманов, писателот и драматург проф. […]

МНТ со „Страв и надеж“ на јубилејниот 60-ти фестивал „Војдан Чернодрински“


  Македонскиот народен театар денес, 10 јуни, ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театарски настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест […]

Промоција на АРБУ – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион


Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска од 11 часот ќе се одржи презентација на АРБУ (ARBU) – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион, како и претставување на извештаи за состојбата на високото образование и научно-истражувачката дејност. Пред присутните ќе се обратат претседателот на АРБУ, Марјан Бојаџиев, министерката за образование и наука, […]

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин


Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале […]

Мултимедијален концерт „Неми слики – жива музика“ во Дебар


Во Центарот за култура во Дебар денеска со почеток во 19 часот ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“, посветен на уметноста на немиот филм. Пред публиката ќе настапи гудачки квартет предводен од Пламенка Трајковска, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот нуди можност за […]

Изложба „Ултрамарин“ на Јана Куновска во КИЦ


Самостојната изложба на слики „Ултрамарин“ на ликовната уметница Јана Куновска ќе биде отворена денеска во 20 часот во Изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје. Поставката ќе може да се погледне до 24 јуни. Куновска, која дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и моментално е на докторски студии […]

Во Собранието работилница „Градење на доверба во управување со јавниот долг


Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Република Северна Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност”.  Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска Банка во Република Северна Македонија, а ќе учествуваат членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за […]

Бројот загинати во земјотресот на Филипините се искачи на 45


Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на ПСЈИЕ во Софија, на маргините билатерална средба со Јотова


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. На Самитот, како што јави […]

Дел од општина Центар и неколку скопски села без струја


Дел од корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и останати објекти денеска од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во период од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно […]

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони


Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот […]

Папата се сретна со Бед Бани во Мадрид


Папата Лав во понеделникот вечерта накратко се сретна на стадионот Сантијаго Бернабеу во Мадрид со порториканскиот музичар Бад Бани, кој исто така е на турнеја во Шпанија, објави во вторникот Ватикан. Во соопштението на Ватикан се вели дека папата се сретнал со латиноамериканскиот музичар чиј албум „Debí Tirar Más Fotos“ освои Греми за најдобро издание […]

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците


Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс […]

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања,  поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал. Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост […]

ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање


Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ […]

Конференцијата за дигитална трансформација на Западен Балкан во Скопје


Во Скопје денеска и утре ќе се одржи регионалната конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за сајбер простор и дигитална политика при Стејт департментот. Настанот што ќе се одржи во хотелот „DoubleTree Hilton“ денеска ќе го отворат вршителката на должноста шеф на мисијата […]

Дел од општина Карпош без вода


Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците  „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, […]

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 […]