Пак гори на Блискиот Исток: Американците го нападнаа Иран, Техеран возвраќа


  Силни експлозии се слушаа на три клучни локации кај Ормускиот теснец. Иран најави дека ги преиспитува преговорите Иранските државни медиуми објавија дека силни експлозии се слушнале ноќеска на островот Кешм, во градот Бандар Абас и во округот Џаск, три стратешки важни локации долж Ормускиот теснец. Островот Кешм се смета за клучен дел од одбранбениот […]

Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска


Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм. „Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот. Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука […]

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства


Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании, соопштија од Министерството.   Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда […]

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија, ги истражува границите меѓу фикцијата и документарниот израз


На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа „Cue press“, во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери… Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша […]

Славески од Шангај: Ценовната стабилност е главен предуслов за одржлив економски раст во услови на зголемена светска неизвесност


 Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, гувернерот […]

Андоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедноста


Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, што се одржува во Скопје во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за киберпростор и дигитална политика (CDP) при Стејт […]

Муцунски од Софија: Кредибилитетот на проширувањето зависи од испораката


  СОФИЈА – Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес. Тоа е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за […]

Премиерот Мицкоски најави хидроцентрали, ветерни паркови и когенеративни централи за милијарди евра


  Со 1,5 милијарди евра државата самостојно ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, за кои моментално се работи на физибилити студија, откако во изминатите триесетина години пропаднаа дури 14 тендери за изградба на овие значајни енергетски капацитети. Оваа информација ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. „Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечен 81 […]

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци


Градот Скопје соопшти дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се вели во соопштението. […]

Европа гради огромна мрежа од железнички тунели. Целта е да се поврзат сите поголеми градови


Европа се обидува да пренасочи сè повеќе патници од кратки летови кон брзи возови што ги поврзуваат поголемите градови, а како што расте интересот за шармот на железничкото патување, се отвораат бројни можности. Сепак, постои еден голем проблем: географијата. Планинските венци и морињата отсекогаш ги делеле европските земји, а возовите, за разлика од авионите, не […]

Италијанец ќе стане првиот европски астронаут на мисијата „Артемис“ на НАСА


Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен. Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на […]

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата


Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај на глобално ниво откако постојат записи, соопшти Службата за климатски промени „Коперникус“ на Европската Унија. Европа доживеа брза промена од температури под просекот до еден од најинтензивните топлотни бранови на почетокот на сезоната некогаш регистрирани во западните делови на континентот, покажаа податоците собрани од мониторингот. Топлотниот бран […]

„Домче“ доби мобилна верзија – македонскиот јазик на дофат на децата во дијаспората


Македонскиот јазик е еден од најцврстите темели на македонскиот идентитет. Токму затоа, неговото зачувување кај најмладите генерации во дијаспората е главната мисија на „Домче“ – првата дигитална платформа создадена специјално за македонски деца кои растат надвор од татковината. „Само неколку минути дневно се доволни детето да слуша македонски, да игра, да се смее и да […]

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој


Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни. Како што информираат од МВР, приведени […]

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите


Во Мексико Сити, 117.000 луѓе поминале специјална обука за добредојде на туристите за време на Светското првенство во 2026 година. информира Алехандра Фраусто, министерката за туризам на мексиканската престолнина. Според Фраусто, Министерството за туризам ја промовира програмата за обука. Меѓу обучените се работници во услужната индустрија, персонал во хотели и ресторани, транспортни работници, водичи, специјалисти […]

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца


Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што […]

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол


Репрезентацијата на Аргентина ноќеска го победи Исланд со 3:0 во пријателски натпревар. Натпреварот се одигра на стадионот „Џордан-Хеар“ во Обрн, САД. Во 8. минута Валентин Барко го отвори резултатот. Во 72. минута, Лионел Меси реализираше пенал за да го постигне својот 117-ти гол за репрезентацијата. Меси во игра влезе од резервната клупа во 70.минута. Фудбалерот […]

Новиот ЕЕС систем би можел да го намали бројот на туристи во Европа


Продолжените доцнења на границите поврзани со воведувањето на новиот европски ЕЕС систем би можеле да загрозат до 41 милион посетители и 45,4 милијарди долари потрошувачка на посетителите од четирите најважни пазари во Европа. Ова го предупреди Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC). Анализата, заснована на анкета на повеќе од 2.500 патници од Велика Британија, […]

Девизните резерви 5,21 милијарда евра


Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 5.210 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (68,5%), по што следуваат монетарното злато (16,6%) и валутите и депозитите (14,9%).  

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива


Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која […]