Триесет и три годишен маж од Карбинци силувал 15 годишно девојче од светиниколско село, пренел и заразна болест


Маж од Kарбинско три месеци вршел полови дејствија врз 15 годишно девојче во светиниколско село. Според информациите на СВР-Штип тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што […]

Интерпелација на министерот за Трипуновски: Земјоделството стана црна хроника, обвини опозицијата


Излажани земјоделци, прекин на ИПА проектите поради утврдени нерегуларности, коруптивни активности, што направи за земјоделството повеќе да се зборува како за дел од црната хроника, наместо за развој на економијата, беа дел од обвинувањата на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена […]

Инфлацијата во САД се искачи на 4,2 отсто. Војната со Иран ги крева цените


  Потрошувачките цени во САД продолжија да растат во мај, поттикнати од зголемените трошоци за енергија повеќе од три месеци по војната со Иран, според владини податоци објавени во средата. Цените се зголемија за 4,2% од мај 2025 година, што е најжешкото годишно мерење од април 2023 година, и 0,5% на месечна основа, според Бирото […]

Сиљановска од Софија повика на дебалканизација на регионот


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија изјави дека е потребно оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, […]

Бугарија да ги отвори вратите за ЕУ, изјави Муцунски во Софија


  Северна Македонија е „заложник на неточна и непринципиелна блокада“ на патот кон Европската унија. Ова го изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за време на неговата посета на Софија. Муцунски нагласи дека Македонија сака да им објасни на своите бугарски партнери дека двете земји губат од сегашната ситуација – и политички и економски, […]

И за нон-пејперот треба да се усвојат уставните измени, вели амбасадорот Рокас


  За мене, начинот на кој што јас всушност го гледам тој нон-пејпер, иако не сум експерт за толкување на такви документи, мислам дека првин тоа што треба да се случи е да се усвојат уставните измени, за да може да се започнат преговорите, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас кој при посетата на Штип прашан дали […]

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост


Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности, од достапната инфраструктура и мрежа за дистрибуција и од свеста за поголема промоцијата на домашната музичка продукција. Ова е генералниот заклучок на Панел дискусијата „Музичко издаваштво во Македонија – лет во место?“, посветена на актуелната […]

Поевтинуваат ХПВ тестирањето и ликвид ПАП цитологијата


Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизацијата и ликвид ПАП цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања […]

Инженерски подвизи на втората делница од пругата кон Бугарија, столбови високи до 61 метар


Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот […]

Арбен Фетаи веќе не е вицепремиер. Собранието ја констатира оставката


  Собранието денеска ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни за што соопшти преку Фејсбук велејќи дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. „Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека при околностите во моментот е најправедниот и најдостоинствен чекор. Во текот […]

„Ден на откривање“ на Спилберг: „Негово најдобро дело од последниве 20 години“


Научнофантастичниот филм на Стивен Спилберг – „Ден на откривање (Disclosure Day)“, со Емили Блант, Џош О’Конор и Колин Ферт во главните улоги, којшто од денес се прикажува и во киносалите во Скопје, веќе го нарекуваат – негово најдобро дело од последниве 20 години. Спилберг стана едно од најважните имиња во Холивуд во својата повеќедецениска кариера. […]

Дигитални свидетелства за учениците од прво до трето одделение


 Дигиталните свидетелства од оваа година се воведуваат за учениците од прво до трето одделение, а в година ќе бидат воведени и за учениците од четврто до шесто одделение – најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.   – Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи […]

Македонскиот мјузикл „Као какао“ ќе го отвори битолското културно лето „БитФест“


Македонскиот мјузикл „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, на 19 јуни ќе го отвори најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“. На прес-конференција во Битола, директорот на ЈОУ Културен информативен центар (КИЦ)-Офицерски дом, Димитар Михајловски, изјави дека за прв пат битолскиот […]

Промовирано академското рангирање на балканските универзитети – АРБУ, еве каде се македонските


Со присуство на претставници на академската заедница, институциите и бизнис секторот, денес во Скопје официјално беше промовирана платформата АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети (Academic Ranking of Balkan Universities), првото регионално академско рангирање кое ги опфаќа универзитетите од целиот Балкан и нивното научно влијание. АРБУ претставува најобемна анализа на високото образование во регионот досега. […]

Белфаст потона во насилство по нападот со нож


  Протестите против имиграцијата прераснаа во насилство во Северна Ирска откако крајнодесничарските активисти повикаа на демонстрации како одговор на нападот со нож што беше снимен на видео. Толпи, меѓу кои и маскирани мажи, запалија возила и куќи и блокираа патишта во и околу Белфаст во вторник вечерта, неколку часа откако Илон Маск, Томи Робинсон и […]

Папата го посети затворот во Барселона: „Ова е можност што се случува еднаш во животот“


Папата Лав, силен застапник за правата на затворениците, денес за прв пат посети шпански затвор, повикувајќи ги затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот. Зборувајќи со затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме […]

Стотици европски политичари и функционери бараат ЕУ да воведе санкции против Израел


  Повеќе од 460 поранешни европски лидери и високи функционери ја повикаа ЕУ „да престане да ги затвора очите“ пред однесувањето на Израел во Палестина и да воведе санкции. Во колумна објавена во европските весници, групата ја повикува ЕУ да ја суспендира преференцијалната трговија со Израел, да го спречи извозот од нелегално окупираниот Западен Брег […]

Тејана Тејлор ќе ја добие наградата „Икона на годината“ на БЕТ 2026 година


Тејана Тејлор ќе ја добие наградата „Икона на годината“ на овогодинешните награди БЕТ, како признание за нејзиното културно влијание и креативни достигнувања. Церемонијата на доделување на наградите, која ќе ја води комичарката Друски, ќе се одржи во недела, 28 јуни, пишува Пипл. БЕТ објави во вторник дека 35-годишната Тејлор ќе биде наградена како „разновидна креативна […]

На атрактивна локација во Аеродром ќе се продава државно земјиште по 2.000 денари квадрат


  Општина Аеродром продава градежно земјиште по 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до хотелот „Русија“ и спортската сала Јане Сандански. За оваа електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен се бара банкарска гаранција од […]

„Ни трошка не сум виновен“: Пеце Матевски, екс-директорот на РЕК „Битола“, на судењето за јаловината од 2022 


  БИТОЛА – Обвинетиот Пеце Матевски, екс-директор на РЕК „Битола“ на вчерашното рочиште во Основниот суд во Битола рече: „Не се чувствувамни трошка виновен“ затоа што јавната набавка била спороведена по закон и критериумите на АД ЕСМ за ископ на јаловина во 2022 година со фирмата „Рудкоп “ Битола. „Јас како директор на подружница РЕК […]