Предизвиците и плановите на општините пред Генералното собрание на ЗЕЛС


Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа  (ЗЕЛС)  денеска ќе одржи седница на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините и активностите на ЗЕЛС во делот на лобирањето за идните заложби на развој на локалната самоуправа. На втората седница на Генералното Собрание на ЗЕЛС ќе бидат  разгледании  извештаи […]

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер


Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на […]

Србија се договори со унгарски МОЛ, го зголемува својот удел во НИС


Србија и унгарската нафтена компанија МОЛ постигнаа компромис и ги решија сите отворени прашања поврзани со акционерскиот договор за Нафтената индустрија на Србија (НИС). Договорот вклучува можност Србија да го зголеми својот удел во сопственоста, гаранции за работењето на рафинеријата Панчево и поголеми овластувања на српските претставници во администрацијата на НИС, објави министерката за рударство […]

Пожарот над Штип под контрола


Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на […]

Голем пожар беснее над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција


Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени.   Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по […]

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски


Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните […]

Сонцето ќе „исчезне“ повеќе од шест минути. Еве кога се очекува спектаклот


Целосното затемнување на сонцето што ќе се случи на 2 август 2027 година се најавува како еден од најважните астрономски настани на векот. Ќе биде видливо од делови од Европа, Африка и Блискиот Исток, а во најповолната точка, целосноста ќе трае дури шест минути и 23 секунди. Ова е најдолгото целосно затемнување на сонцето во […]

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ


Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев, одлучи вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги потврди одлуките што претходно денеска ги донесе ИК за со кои се избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на партијата.  ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партискиот прес-центар по седницата на ЦК, се реструктуира […]

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг е под контрола, ќе ја исполниме обврската за фискална консолидација


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека успешно се менаџира растот на бруто-домашниот производ и на јавниот долг, кој, според неа, е под строга контрола и сè уште е под 60 проценти од БДП. Како што изјави вечерва, состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската за фискалана […]

Дуа Липа и сопругот го поминуваат медениот месец во хотел каде што ноќевањето чини до 4.600 евра


Нововенчаната двојка Дуа Липа и Калум Тарнер го продолжуваат својот одмор на Сицилија, каде што го поминуваат медениот месец во хотелот каде што е снимена популарната серија „Белиот лотос“. Двојката е видена како разменува нежности во луксузен хотел каде што ноќевањето достигнува до 4.600 евра, сето тоа по извештаите за тајна венчавка вредна 1,7 милиони […]

Не се само уставните измени за кревање на ветото, Бугарија има барања поврзани со историската комисија, вели Сиљановска Давкова


Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на […]

Трамп се закани дека повторно силно ќе го нападне Иран


Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна: – Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп. Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на […]

„Четворка“ за учебната година: За промени и реформи во образованието треба време, вели министерката Јаневска


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време.   -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени […]

Германија започнува проект за борбен авион по пропаѓањето на европскиот 


Конзорциум од осум одбранбени компании предводени од Ербас започнува проект за борбен авион од шеста генерација, „Тим Генерација 6“, кој има германска поддршка. Иницијативата доаѓа како замена за неуспешната француско-германско-шпанска програма FCAS, а се очекува проектот официјално да биде претставен оваа недела во Берлин. Нова иницијатива за развој на борбен авион се формира под германско […]

Избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ


На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени кадровски решенија за повеќе од 30 претседатели на општинските комитети, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.   -Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица […]

Ракометарите добија силни противници на Светското првенство 2027


Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите во групата за Светското првенство што од 13 до 31.јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Противници во групата Х што ќе се игра во Магдебург се: Исланд, Бахреин (шампион на Азија) и Јапонија (четвртопласирана на последниот шампионат на Азија). РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ: А група (Минхен): Германија, Србија, […]

Лепа Брена ја продаде вилата во Мајами, доби помалку од бараната цена


Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ ја продадоа својата луксузна вила во Мајами. Двојката, која до неодамна беше ко-сопственик на „Гранд Продукција“, на крајот доби пониска цена за луксузната зграда од првично побараната. Вилата што се наоѓа веднаш до Атлантскиот Океан беше продадена за 14,2 милиони долари, според веб-страницата на агенцијата за недвижности што ја […]

Пиротехниката ја „изгоре“ касата на шампионот Вардар за 17.000 евра


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече парична казна на првакот Вардар поради употреба на пиротехника на натпреварот од последното коло во ПМФЛ против Шкендија. Дисциплинската комисија на ФФМ му изрече казна од 17.000 евра на Вардар. Казната е изречена поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК Шкендија кога „црвено-црните“ […]

Скопската вода е безбедна за пиење


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа.   […]

Трамп: Иран ќе ја плати цената


Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека на Иран му требало предолго време да преговара за мировен договор и дека сега ќе мора да „ја плати цената“. „Иранската војска е целосен и апсолутен хаос“, рече претседателот во објава на Truth Social. „Голем дел од неа, како нивната морнарица и воздухопловни сили, веќе не постои […]