Дуа Липа и сопругот го поминуваат медениот месец во хотел каде што ноќевањето чини до 4.600 евра


Нововенчаната двојка Дуа Липа и Калум Тарнер го продолжуваат својот одмор на Сицилија, каде што го поминуваат медениот месец во хотелот каде што е снимена популарната серија „Белиот лотос“. Двојката е видена како разменува нежности во луксузен хотел каде што ноќевањето достигнува до 4.600 евра, сето тоа по извештаите за тајна венчавка вредна 1,7 милиони евра, пишува Дејли Меил.

Пејачката и актерот престојуваа во палатата „Фор сезонс Сан Доменико“ во Таормина, позната како локација на втората сезона од хит серијата на HBO. Таму, тие беа снимени како уживаат покрај базенот на хотелот, каде што се бакнуваа и прегрнуваа.

Тие отпатуваа на Сицилија по извештаите за тајна венчавка, која наводно се одржала на селски имот во Велика Британија.

Двојката првпат се појави во јавноста во јануари оваа година, кога беа фотографирани како се бакнуваат по забава во Беверли Хилс. Кратко потоа, извори ја потврдија нивната врска за Page Six. „Ново е, но се луди еден за друг“, рекол изворот во тоа време. Тие биле видени и на состанок во Санта Моника кратко потоа.

Пред Дуа, Калум бил во четиригодишна врска со актерката Ванеса Кирби, со која раскинал во 2020 година. Пејачката, пак, била со Анвар Хадид од 2019 до 2021 година, а минатиот декември завршила осуммесечна врска со режисерот Ромен Гаврас.

Извор открил за The Sun дека Дуа раскинала со Гаврас за да се фокусира на својата кариера пред објавувањето на нејзиниот трет албум. „Дуа и Ромен се разделија по летна романса. Таа е целосно посветена на својата кариера и двојката ја завршила својата врска пред работите да тргнат на лошо“, рекол изворот во тоа време.